Мандатот ќе го добие партијата или колицијата која ќе обезбеди мнозинство во Собранието, изјави вечерва претседателот Иванов, по консултациите со париите.
„Наместо да почне да се решава кризата, таа влезе во уште полоша фаза. Секој го толкува Уставот како му одговара, а Уставот ја одразува нашата реалност. Тој не може да се толкува по партиски желби. Според Член 90 претседателот е должен да го довери мандатот на партијата која има мнозинство во Собранието. Јас го искористив уставното право“, рече Иванов.
По долгите шестчасовни разговори во вилата на Водно, Претседателот Иванов рече дека ги слушнал ставовите на сите соговорници, направил консултации со поличките партии.
„Ги слушнав ставовите на моите соговорници. Сакам да ве известам дека мандат ке добие колицијата која ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието. Со други зборови тоа значи, прво потврда и доказ за мнозинство па мандат за составување влада.
Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритети – прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонијa”, изјави Иванов.