Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов не го дава мандатот

16
By Нова ТВ on March 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2017 17:00

Претседателот Ѓорге Иванов во денешното обраќање до нацијата рече дека нема намера мандатот да го даде на човек или партија кој во својата програма има платформа за рушење на државотворноста и унитарноста на државата.

„Пред два дена ми беше доставен доказ дека СДСМ има собрано потписи за  мнозинство. Во тој момент им честитав на партиите бидејќи тоа е важен чекор, но денеска го поканив лидерот на СДСМ на консултативна средба за одлуката за мандатот. На средбата го запознав со сите правни мислења од правните експерти. Според правните експерти, проблем се роковите кои се предвидени во уставот.

Освен тоа пречка е и постизборната политичка платформа платформа која е изработена и потпишана во туѓа држава и има за цел да ги сруши унитарноста и државотворноста на Македонија.

„Содржината на платформата е надвор и од уставен и од секаков поредок. Се загрозува суверенитетот на државата, Македонија е уценета а сувереноста и унитарноста на државата се загрозени. Наместо конечно да излеземе од политичка криза, со оваа платформа ние влегуваме во поголема политичка криза. Долго време очекував дека одредени политички партии ќе покажат државотворноста и ќе одбијат, но тоа не се случи. Тие почнаа да лицитираат со платформата, не сфаќајќи дека лицитираат со државата и државните интереси. Граѓаните имаат право да ја знаат содржината од разговорите и од она што го пишува во платформата. За време на средбата со Заев побарав тој да ја осуди и одбие платформата, која освен што е спротивна на Уставот на Република Македонија, тоа е и казниво дело според Кривичниот законик“, рече Иванов.

Тој додаде дека од меѓународната заедница очекувал јасно и јавно да ја осуди платформата, но бидејќи тоа не се случило, Иванов сега очекува меѓународната заедница да се воздржи од предлагање решенија кои се во спротивност со интересите на државата.

„Ваквиот празен молк ни потврдува дека иднината на Македонија зависи само од нас. Оваа платформа е негирање на суверенитетот на Македонија. Во Република Македонија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Ова се сериозни моменти од историјата на Македонија. Сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни, се додека сум претседател нема да дадам мандат на партија или човек кој во својата програма има платформа за рушење на државата“, изјави Иванов.

држава Ѓорѓе Иванов мандат обраќање унитарност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.