Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов нема право да аболицира – едногласни се Сиљановска, Пендаровски и Река

0
By Нова ТВ on April 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателските кандидати се согласуваат дека Иванов нема право да потпише укази за помилување, без да има таква иницијатива од Министерството за правда.

Гордана Сиљановска Давкова, претседателски кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ рече дека „во моментов е не можно Иванов да помилува“.

„Претседателот може да помилува само во согласност со Закон. Во моментов тоа е не можно затоа што сме во изборна камапања и целата постапка мора да оди само преку Министерството за правда“, кажа Сиљановска во дебатата на ТВ 21.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој е подржан од СДСМ и од ДУИ рече дека без иницијатива од Министерството за правда, шефот на државата не може да помилува.

„Без да се иницира постапка од Министерството за правда, претседателот не може ниту да започне, ниту да заврши постапка за помилување и во тоа ја гледаме злоупотребата кога се помилуваа 56 луѓе со што се предизвика голем народен бунт“,  рече Пендаровски и додаде дека „никој не треба да помисли да дава такви помилувања“.

За претседателкиот кандидат Блерим Река кој е поддржан од Беса и од Алијансата на Албанците е беспредметно воопшто да се разговара за помилување.

„Против законско и против уставно е претседателот да помилува, а јас не знам дека Министерството за правда има поднесено иницијатива. Затоа ова прашање го сметам за без предметно е да се коментира“, рече Река.

Од Кабинетот на Иванов цела недела молчат и не одговораат на прашањата на НОВА – колку лица поднесле барања за помилување и дали меѓу нив се и Никола Груевски, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Никола Бошковски против кои е отворена истрага со сомнеж дека биле организатори на настаните од 27 април. Од Кабинетот само кусо потврдија дека примиле повеќе барања за помилување на лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок за случувањата на 27 април.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и екс-директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Сите осудени лица се во притвор до правосилност на пресудата.

 

Иванов помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.