На утрешното одбележување на двата Илиндена, државниот врв традиционално ќе присуствува на повеќе локации каде што ќе има чествување на овие датуми од македонската историја.
Претседателот Ѓорѓе Иванов годинава ќе биде дел од прославата во меморијалниот центар Пелинце, Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе одржи говор на плоштадот Македонија во Скопје, каде ќе положи и цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, а премиерот Емил Димитриев за 2 август ќе биде на Мечкин Камен во Крушево.
МВР објави дека ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот.