Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов за ХТВ:Ако го дадам мандатот ја уривам независноста на државата

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за хрватската државна телевизија (ХТВ) што го пренесуваат повеќето медиуми вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 67-те потписи ги добил под уцена од албанските партии да прифати платформа која како што нагласи тој, е донесена во Кабинет на премиер на туѓа држава.

– Доколку јас дадам мандат на некој што прифатил платформа на туѓа држава, согласно нашиот Кривичен закон, членот 308, ја уривам независноста на државата. Во членот 308 децидно стои: тој што би ја довел државата во подредена состојба и зависност на друга државност се казнува до пет години, вели Иванов.

Според Иванов, ниту Уставот, ниту неговата совест, ниту свечената заклетва која ја дал како Претседател на Република Македонија, не му дозволуваат да го даде мандатот на Зоран Заев и да си дозволи да ја доведе Македонија во подредена состојба и зависност од друга држава.

-Мојата заклетва се разликува од другите  јавни функции и таму стои дека јас морам совесно и чесно да ја обавувам функцијата Претседател на Република Македонија. Да ги почитувам Уставот, законите, но и територијалниот интегритет, сувереноста и независноста на државата, вели Иванов во интервјуто за  ХТВ.

Постапките на лидерот на СДСМ тој ги нарече „грешки“, бидејќи како што рече тој бил исплашен.

– Заев е пред се многу исплашен. Преплашен. Затоа што очигледно не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра во која што не може сега да излезе. Тој сега прави грешки. Кога е човек исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од онаа кога почна сево ова. Кога сакаше преку снимки, кои како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја урне легално избраната Влада на Република Македонија, рече Иванов.

На прашањето, кој е конструктивен партнер од албанскиот блок со кој може да се разговара за излез од политичката криза, Иванов за ХТВ вели дека „сите албански политичари кои поаѓаат од интересите на Република Македонија се конструктивни соговорници и секој што поаѓа од интересите на граѓаните што живеат во Македонија“.

– Никој не посакува војна, или пак конфликт. Затоа што нема семејство во Македонија кое не страдало од двете балкански војни, светските војни, студената војна, конфликтот во 2001 година.  Затоа и протестите што сега се случуваат се толку мирни и достоинствени, што никој не спомнува било каква состојба на конфликт, додава Иванов.

Написите за редефинирање на Балканот по пат на вооружен конфликт, како и заканите по опстојувањето на македонската држава, според Иванов се проекција на желби, а не реалност.

– Ништо ново од тоа. Во кризни моменти, пак се враќаат старите приказни, стари мапи и стари карти за да ве заплашуваат. Македонија опстојувала и кога немала своја држава. Сега кога имаме своја држава настојуваме да си ја сочуваме својата сопствена држава.  Затоа, грижата за државата и државниот интерес се приоритет при секоја одлука која се носи од моја страна, вели Иванов во интервју за ХТВ.

Ѓорѓе Иванов интервју ХТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.