Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Јавното обвинителство сè уште работи под притисок

0
By Нова ТВ on December 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска смета дека Јавното обвинителство (ЈО) сè уште работи под притисок, од, како што посочи денеска, две причини. Првата е што за некои предмети сè уште нема одговори, а втората е дека за некои предмети, пак, се добиваат многу брзи одговори. Тоа, како што рече, упатува дека има различни нарачки.

„Мислам дека треба уште многу да сè работи, првенствено секој на себе, па потоа институционално да се зајакнуваат механизмите за контролно однесување, итн. За наредната годината најавивме дека судскиот систем ќе биде ставен во годишниот план за проверка и следење на имотната состојба. Ќе дадеме придонес од нашиот аспект, согласно закон и ќе видиме како ќе оди понатаму“, изјави Ивановска.

Запрашана колку е доволно следењето на состојбата на судиите и обвинителите во борбата против корупцијата, Ивановска рече дека првиот чекор е дали тие се ажурни, дали доставуваат анкетни листови, како за почеток или за крај на функцијата. Но, исто така, и за секоја промена што е многу важно и индикативно, дали доставуваат точни податоци и дали има некаков лош размер меѓу нивните примања и стекнатиот имот.

„Треба малку поконкретно да се следи целиот проблем, затоа што тука се другите институции, како што е Финансика полиција и Финасиско разузнавање. Доколку ние утврдиме несразмерно зголемување на имотот, тогаш нашите предмети ги доставуваме до овие надлежни институции кои имаат истражни центри и кои подлабоко ги истражуваат случаите, односно како и на кој начин е стекнат имотот и си поднесуваат пријави понатаму. Ние и претходно отворивме предмети за пет судии, кои по нашата обработка ги дадовме понатаму и очекувам дека за некое поскоро време тие ќе бидат завршени“, рече Ивановска.

Во однос на ветингот во правосудството таа рече дека може да се зборува за најава и за ветинг, но тоа треба добро да се подготви. Ветингот, смета Ивановска, мора да биде заснован на закон.

Билјана Ивановска ДКСК Јавно обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.