Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и Лукашенко: Сами против себе на избори

0
By Биљана Секуловска on April 9, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 9, 2016 10:29

Да се согласиме со тоа дека Груевски нема друго решение, освен да оди на избори, но внимавајте, најдобро е да биде сам на избори. Ако заборавите дека избори подразбираат плурализам на учесници и идеи, инаку би се нарекувале груевизбори (а тоа е идејата) тогаш овој натпревар на Груевски со самиот себе е единствениот излез за него.

Се друго не е лизгав терен, туку пеколот лично, оној кој веќе зачука на вратата негова. Од самата буква на С се стресува, затоа што потоа следат и Ј и О, а тоа тешко кој може да го преживее. Прашајте го оној сирот судија што тресна на патосот која ја сослушуваше Гордана Јанкуловска и не со бледо лице, туку сиво како земја, испрати соопштение дека се онесвестил. Го замислувам следниот судија кој ќе ги сослушува Груевски и Мијалков. Веројатно одамна тој самиот не се замислува, дека би бил жив во тој суден час.

Верувам дека Груевски би излегол сам против себе на 5 јуни, сам себеси би се прогласил за победник, сам на себе би си честитал со триумфален дијалог: како сте- гледам, одлично ви оди, а и вам богати, не ви оди лошо и би му удрил чврга на тој другиот во студеното огледало да не се занесува многу дека е истиот тој што се гледа.

Сам себе би се бакнал во огледалото и евентуално сликата на Лукашенко со судски печат тресната на десниот агол од огледалото, да се знае кој никогаш не добива вртоглавици и не свиснува кога се бројат ливчиња, се е уредно тоа сторено пред воопшто и да потпишал Вељановски и некој белоруски спикер избори.

Така тој би пролетал со прстите низ косата, таласаста да остане, сега што да се прави, титоистички манири се добиваат како последица на едноумието- избори со еден кандидат, па со тоа дури ни Тито не ги понижуваше граѓаните. Но, видете, разберете ја и радоста на Груевски, нека му трае уште една недела- еднаш во животот се има можност да се фрли гласачко ливче во кутија без потоа да се проверува.

Верувам дека Груевски тоа би го сторил, без око да му трепне и да му се помрдне најмалиот мускул на лицето. Да се биде роден како победник, зарем тој не сонуваше уште од најмладите боксерски денови? Како вели тој и потскокнува и се навалува накај камерата кога дава ваква изјава, како да ќе не нокаутира, јавноста мора да се соживее со неговите соништа- дека Мохамед Али му бил идол од младоста, а кој друг побогу, кого друг би имал?

Но, следува прашање на зрнце разум, пред сосема да го изгубиме разумот со претходново сценарио: дали овој лукашенковски сон на Груевски би добил поддршка од меѓународната заедница? Дали тие пред огледалото негово, излепено со политичките браќа низ светов, разни орбановци и кимовци, дали тие би застанале пред тоа истото огледало и не дали нему би му честитале- туку дали сами себе би си честитале? Не, одговорот е не. Не е важно што Груевски би им рекол – so what? Па што? Тие не би дошле ни до фазата Груевски воопшто да има простор за дијалог со нив на ваква тема- сам себе да се бира и да се шета со огледалото и со црн фломастер во раката, ако некој случајно му влезе во кадар, да го избрише на време, додека не му се приближил.

Досега целиот простор и небо беа окупирани од Груевски, сиот овој воздух и вода беа контаминирани од едноумието, од огледалата во кои само Груевски можеше да го видиме и немаше ниту едно поткршено, ниту допрено. Тоа беше така до пред една година, да бидам прецизна, додека не се појави Заев со бомбите.

И сега пак го слушам оној дел од интелигенцијата, кој ја пушта на завивање онаа иста плоча, о, колку таа веќе ме уморува. Да скратам околу нападите, затоа што веќе е беспредметно да ги повторувам, да преминам на главната нивна порака кон Заев: да се оди на избори, затоа што ќе победиме, тие велат. О, па вие би победиле, би ги прашала. Со фалсификувани избори, медиумска пропаганда на власта и држава која одамна не е тоа, туку исклучиво партијата ВМРО-ДПМНЕ,  вие би победиле? И тоа фер и демократски? Ве молам, ве преколнувам излезете на избори. И тогаш Груевски нека ви го подаде огледалото. Ноќта кога ќе бидат прогласени победниците, се надевам дека знаете кого ќе видите. Но, ова што го велам- дека се надевам дека знаете кој ќе биде победникот, не го мислам навистина. Мислам дека не знаете. За тоа време Лукашенко се смее под брк и ужива во овој наш замислен дијалог. Да се биде наивен, зарем не е се она што нему му треба?

 

Груевски избори Лукашенко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.