НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори: Што им е заедничко на противкандидатите на Путин-немаат шанса

1
By Нова ТВ on March 17, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русите избираат претседател. На гласачките ливчиња има осум кандидати – или двапати повеќе отколку во 2008 година.  Најновите анкети покажуваат дека 80 отсто од граѓаните ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин за нов шестгодишен мандат. Според тоа, противкандидатите  на Путин имаат едно нешто заедничко – немаат шанса!

Вообичаеното објаснување за толку голем број кандидати е тоа што Кремљ, наводно, е загрижен за одѕивот на изборите. Набљудувачите велат дека со новите лица Кремљ се обидува да создаде слика на возбудлива изборна трка, без притоа да го загрози Путин.

На еден од неговите главни кандидати, опозиционерот Алексеј Навални, му беше забрането да учествува на изборите поради судски процес кој заврши со обвинителна пресуда. Навални пак смета дека целиот процес бил режиран од страна на владата и повика на бојкот на изборите.

Генадиј  Зјуганов, комунистички лидер кој е во подминати години и кој речиси секогаш го освојуваше второто место на претходните избори,  овој пат нема да учествува.

Кои се кандидатите

Кандидатите се искусни политички пензионери, но и почетници. Во последните се вбројува и Павел Грудинин, 57-годишен политичар, шеф на една земјоделска фарма во близина на Москва, кого Комунистичката партија (КПРФ) набрзина го претстави како кандидат, иако не е член на оваа партија.

Според државните институти за испитување на јавно мислење тој со околу 6 насто од гласовите би можел да биде на второто место, зад Путин, иако други му предвидуваат многу подобри резултати, токму поради тоа што е ново лице и што со својот умерен став добро поминува кај голем број Руси.

Очигледно и Кремљ стравува дека Грудинин можеби би можел да ја загрози предвидливата победа на Путин, поради што државните медиуми во последно време остро го напаѓаа – не поради тоа што е „сталинист“, туку поради банкарските сметки во странство.

Како главен конкурент на Грудинин за второто место  е Владимир Жириновски, најстар по стаж од сите моментални кандидати.

71- годишниот лидер на десничарската Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР) учествуваше и на изборите во 1991 година. Жириновски официјално е во опозиција, но веќе одамна е дел од естаблишментот и е на иста линија со Кремљ. Неговите настапи, во кои на Западот често му се заканува со атомски напади, се составен дел од руските телевизиски дискусии. Така тој му помага на Путин да делува како умерен и разумен политичар. Жириновски всушност не е вистински противник и конкурент.

Речиси исто толку долго како Жириновски и Григори Јавлински се обидува да стане претседател на Русија. Има 65 години, како и Путин. И тој е во политиката од раните 90-ти години. Соосновачот на десно- либералната партија „Јаблоко“ последен пат на изборите настапи во 2000 година и со 7 проценти освоени гласови- беше на третото место. Јавлински важи за прозападно ориентиран политичар, кој никогаш не успеал да ги освои широките народни маси. Бројот на неговите избирачи меѓу Русите дури и опаѓа.

Борис Титов е еден од најмладите кандидати. На изборите во 2000 година освои 1,5 насто од гласовите. Овој пат би требало да биде слично. Титов ги застапува интересите на младата десно либерална „Партија на растот“, која не игра некоја посебна улога на руската политичка сцена и која досега немаше поголеми успеси на изборте. Титов направи кариера како деловен човек. По налог на претседателот, тој од 2012 година ги застапува правата на руските претприемачи.

Сергеј Бабурин иако со  59 години, уште во 90-тите беше заменик на претседателот на парламентот и беше познат конзервативен политичар, но подоцна се повлече. Бабурин е лидер на малата национално- конзервативна Серуска народна унија, која го поддржува Путин во внатрешната и во надворешната политика.

36-годишната Ксенија Собчак не е специфична кандидатка на овие избори само поради тоа што е единствена жена. Таа е ќерка на некогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатоли Собчак, кој важи за ментор на Путин. Во почетокот беше позната како лице од шоу-бизнисот, со време се профилираше како опозициска новинарка. Меѓутоа, таа не е професионална политичарка. Собчак во кампањата вели дека на сите оние на кои не им се допаѓа ниту еден кандидат- треба да гласаат за неа и притоа внимателно го критикува шефот на Кремљ.

Откако ја најави кандидатурата, таа има неограничен пристап до медиумите. Многумина тоа го толкуваат како поддршка од страна на Кремљ. Се претпоставува оти Собчак би требало да ги собере разочараните, во дел младите поддржувачи на Навални.

Во новите лица на овие избори се вбројува и Максим Сурајкин. Овој 39-годишник е претседател на партијата „Комунисти на Русија“ основана во 2009 година, која се позиционираше како алтернатива на етаблираната „Комунистичка партија на Русија“. КПРФ им префрла на „Комунистите на Русија“ дека се проект на Кремљ кој би требало да ги ослаби старите комунисти.

Чудна кампања

Она што се слушна во текот на кампањата беше дека токму таа предвидливост ќе ја намали излезноста на гласачите. За да се разбуди нивниот интерес да излезат на гласачките места на интернет кружат снимки со провокативна содржина.

-Ние одиме на избори, е најновиот повик од фотографијата на голи модели. Но не се само тие што повикуваат. Освен стикери за чет со кои жените ги заведуваат мажите и ги повикуваат да излезат на гласање, објавен е и фото сет на провокативни модели кои одат на избори.

Аналитичарите велат дека и порано имаше ексцентрични спотови, кои биле дури и непристојни поради што биле одбивни.

За руските избори сепак се чини многу повеќе се говори на социјалните мрежи и во странство, отколку во Москва. Со кампања се занимаваат само оние на кои тоа им е работа.

Истражувачите на јавно мислење одржале прес конференција на која соопштиле дека кампањата била интензивна, од време на време дури и агресивна, но дека тоа воопшто не го сменила односот на силите кој постоел меѓу кандидатите и пред почетокот на кампањата. Изгледа дека сиот тој труд што е вложен не пореметил никакви предвидувања.

На минатите и на претседателските избори пред тоа, излезноста беше околу 60 отсто. Поинаквата кампања оваа година, може да ја зголеми, сметаат познавачите.

-Младите луѓе во Русија не гледаат телевизија и опозицијата и позицијата најдоа начин да им се обратат преку оние медиуми кои ги интересираат. Во таа смисла се чини дека мобилизацијата е поголема, но пред се поради промена на климата на начинот на размислување, велат аналитичарите.

А за тоа како тече изборниот ден, од оваа година, секој гласач ќе може да проверува цело време преку компјутер. Камери се поставени на секое изборачко место – во Москва, Санкт Петерсбург или во кој дел од Русија и да сакаат да го следат гласањето.

Актуелниот руски претседател Владимир Путин ги повика жителите на државата во што е можно поголем број да излезат и да гласаат.

-Убеден сум дека секој од нас е загрижен за судбината на нашата татковина. Затоа ви се обраќам, повикувајќи ве да одите в недела на избирачките места. Искористете го своето право, за да ја изберете и својата иднина, изјави Путин.

Stop Funding Hate кампања кандидати претседателски избори Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.