Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите на Косово ќе ги реши вториот круг – Самопределување разочара

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во повеќето косовски општини ќе мора да се одржи втор круг, откако ниту една партија не успеа да доминира во првиот круг локални избори кој се одржа вчера.

Косовската невладина организација „Демократија на дело“ соопшти синоќа дека според првичните резултати, победник на локалните избори е Демократскиот сојуз на Косово со 210 илјади гласови.

На второ место е Демократската партија на Косово со 140 илјади, додека на трето е движењето Самоопределување со 130 илјади гласови. Партијата на премиерот Рамуш Харадинај доби 100 илјади гласови.

Српската листа прогласи победа во сите општини на Косово каде има мнозинство српско население, во северна Митровица, Лепосавиќ, Звечане, Зубин Поток, Грачаница.

Најголем удар претрпе Самоопредулавање кое на парламентарните избори победи. На локалните избори се гласаше за градоначалници и советници во 38 општини.

Одѕивот бил 43,85 насто. Вториот круг е за еден месец.

Изборите се сметаа за прв тест за новата Влада предводена од Рамуш Харадинај.

Во трката за Приштина, градоначалникот Шпенд Ахмети, кој доаѓа од партијата Самоопределување, не успеа да победи во првиот круг откако се соочи со силен предизвикувач од Демократската лига на Косово (ЛДК), Арбан Абраши. Ахмети освои 44 проценти од гласовите, недоволно за победа уште во првиот круг, а Абраши има 35,7 проценти.

Самоопределување има кандидати во вториот круг и во Призрен и Гњилане, каде повторно ќе има соочување меѓу Самоопределување и ЛДК. Трите владејачките партии од таканаречената „воена коалиција“ имаат кандидати во вториот круг во Призрен, Пеќ, Митровица и Ѓаковица.

Пред изборите, двајца активисти на српски партии беа притворени, а на денот на изборите косовската полиција запре камион во кој имало експлозив и неколку гранати додека влегувал од Србија во Косово. Три лица беа уапсени.

Косово локални избори прв круг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.