Пожарите кои вчера беа регистрирани во општина Зајас се изгаснати, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Едниот пожар беше регистриран помеѓу селото Зајас и селото Горно Строгомиште во кој се опожарени 2 хектара борова и дабова шума. Во вториот пожар кај местото викано Џума во атарот на село Зајас опожарена е површина од 5 хектари трева, грмушки и дабова шума.

Во гасењето на пожарот биле ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место биле и вкупно 31 лице од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ, Македонски шуми и локално население.

Од Дирекцијата за заштита и спасување соопштија дека се состојба на зголемена будност, вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.