Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласан ребалансот на буџетот за 2016 година без опозицијата

0
By Нова ТВ on July 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на 111. седница на Собранието, со 55 гласа „за“ и 23 „против“ пратениците го усвоија ребалансот на Буџетот за 2016 година.

Пратениците од опозицијата не гласаа, а претходно на неколкудневната општа расправа по предлогот, пратениците од СДСМ и други опозициски пратеници истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена, за која пак министерот Кирил Миновски е постојано обвинуван дека извршил кривично дело со неа.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони.

Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари.

Без расправа Собранието на денешната седница ги донесе и Предлог законот за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување на претседател, заменик претседател и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, за избор на член на Советот на јавни обвинители и за именување на член на Комисијата на Агенцијата за пошти.

На денешната седница се и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.

расправа за Буџетот ребаланс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.