Две лица го загубија животот во пожар во ковид центар во болницата во Астрахан, Русија, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор во спасувачките служби.
Рускиот министер за здравство, во соопштение, нагласи дека во инцидентот има и жртви, без да изнесува детали.
Според првичните информации, се запалил уред за проток на кислород, објави РИА Новости. Пациентите и медицинскиот персонал се евакуирани од болницата.