Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелската нуклеарна програма: Шифра „Текстилна фабрика“

0
By Zoran Ivanov on June 26, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 26, 2025 20:41

Во Димона, со околу 43.000 жители, луѓето зборуваат за Центарот за нуклеарни истражувања само скришно. Кодното име е: „текстилната фабрика“.

Израелската нуклеарна програма е јавна тајна. Еден од нејзините центри e нуклеарниот реактор Димона, во срцето на пустината Негев. Сепак, во блискиот град официјално не се зборува за тоа.

Градот Димона се наоѓа во јужниот дел на Израел, во пустината Негев, и чува една јавна тајна. За да се разбере за што станува збор, доволен е само еден поглед на Гугл Мапс (Google Maps): на неколку километри оддалеченост се наоѓа место означено како „Центар за нуклеарни истражувања Негев“.

А бидејќи Израел со поддршка од САД во последните денови ги нападна иранските нуклеарни постројки, Димона наводно беше една од целите на иранските ракети и дронови. Израел, исто така, има своја нуклеарна програма. Уште една јавна тајна е дека земјата поседува и нуклеарно оружје.

„Нема причина за загриженост“ 

Во Димона, со околу 43.000 жители, луѓето зборуваат за Центарот за нуклеарни истражувања само скришно. Кодното име е: „текстилната фабрика“. „Ние не сме одговорни за тоа, надлежна е текстилната фабрика“, вели градоначалникот на Димона, Бенјамин Битон. „Тие имаат свои луѓе, свои теми. Не информираат редовно. Но можам сите да ги смирам: Фала му на Бога, Димона е многу, многу безбеден град. Нема причина за загриженост.“

Сателитска снимка на израелскиот нуклеарен истражувачки центар во близина на Димона

Поради војната, градската администрација на Битон се преселила: оперативниот центар сега се наоѓа во нова зграда што всушност е надземен бункер. Градоначалникот со гордост ги покажува големите екрани на кои можат да се видат снимки од 600 камери поставени низ градот.

Со притискање на копче, Битон добива информации во случај на ракетен напад: „Ова е мојот оперативен центар. Секое утро сите раководители на администрацијата се собираат тука.“ На состаноците учествуваат и војската, итната помош и социјалната служба. Канцелариите на вработените се веднаш до центарот. „Во првите 48 часа јас сум главниот – јас сум и министер за одбрана и премиер.“

Битон е роден во Димона. Последниве денови, поради ракетните напади, речиси и не спиел.

Стратешко значење во време на меѓународни кризи 

И Даниела, која живее веќе 27 години во Димона, чувствува последици. Потекнува од Крефелд (Германија), но со текот на времето научила да живее со реалноста во Димона. Од 7 октомври секогаш носи мал ранец со себе. Во него: два пасоша, малку накит, мало фото-албумче, лекови за еден и пол месец и облека за пресоблекување. „Секогаш го носам со себе. Никогаш не знаеш кога и што ќе се случи, ниту колку време ќе мора да останеш некаде. Тажно е, но без тој мал ранец не излегувам од дома.“

Спасувачки екипи пребаруваат разурнат објект во израелскиот град Бер Шева

Даниела влегува во трговски центар – најблискиот бункер е веднаш зад аголот. На небото, малку подалеку, лета цепелин со опрема за надзор. За местото кое последниве денови речиси сигурно беше цел на иранските ракети, не сака да зборува: „Кога има меѓународни кризи, ова место секогаш е стратешки многу интересно.“ Од друга страна, чувствува дека е безбедна. „Не можеш ни да се закашлаш овде, а да не биде забележано“, вели таа.

Највисоко ниво на безбедност 

Градоначалникот Битон има големи планови за градот. Во наредните десет години, бројот на жители треба двојно да се зголеми. Димона, според него, не е интересна само за вработените во „текстилната фабрика“ – односно нуклеарниот истражувачки центар. „Ќе кажам само она што можам: некои граѓани или нивните родители работат таму и се сосема смирени.“

Нема причина за паника, уверува Битон. „Овој објект постои од 1960-тите. Гордост ни е. За нас е многу важен и не пречи никому.“ Според него, прашањето е медиумски пренагласено: „Сите сме сосема смирени – и јас како градоначалник, и граѓаните. Знам навистина многу, и можам да ве уверам дека сè е во ред.“

Барем засега, во Димона успеале релативно добро да го пребродат конфликтот меѓу Израел и Иран. Но околу Центарот за нуклеарни истражувања – дел од израелската нуклеарна програма – сè уште важи највисоко ниво на безбедност. А таму, тој објект и понатаму го нарекуваат „текстилната фабрика“.

Текстот е сопственост на Дојче Веле.мк

Иран нуклеарна текстилна шифра
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.