Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ДЗР: Ревизорите со забелешки за финансиското работење на НУ Филхармонија

0
By Sashko on November 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 10:30

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на Националната установа филхармонија на Република Северна Македонија за 2020 година. Како што наведува ДЗР извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Национална установа Филхармонија на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (603) за 2020 година.

Со извршената ревизија за 2020 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи и за наменското и законското користење на средствата на НУ Македонска филхармонија за 2006 година при што изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики, се наведува во извештајот.

Бидејќи од последната ревизија е поминат подолг временски период во кој законската регулатива има претрпено измени, се наведува, имплементацијата на дадените препораки од претходната ревизија не беше предмет на тековната ревизија.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2020 година констатирани се следните состојби:

– невоспоставен систем на внатрешни контроли во процесот на плаќање, не се донесени пишани процедури за потврдување на вистинитоста и објективноста
на финансиската документација и не се недефинирани надлежности и одговорности на лицата инволвирани во процесот;

– недостатоци во актите со кои се врши ангажман на нововработени лица и
пропусти при реализацијата на активностите во врска со конкурсот за нови вработувања;

– не усвоен акт за реаудиција на веќе вработените лица во установата, ниту се отпочнати активности за реаудиција;

– нецелосно извршен попис од средствата со кој располага установата, на побарувањата и обврските, неевидентирана опрема како и извршено евидентирање на инструменти по нереално ниски износи;

– недостатоци во делот на поткрепувачката документација при признавањето на основаноста на дел од примените фактури за стоки и услуги, извршени исплати за надоместоци за користење на сопствени инструменти на вработени и потрошен материјал без соодветен правен основ и

– утврдени слабости кај дел од спроведените постапки за јавни набавки, стои во извештајот.

За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.

Во текот на ревизијата од страна на НУ Филхармонија спроведени се корекции кои предизвикаа промени во активата и пасивата во Билансот на состојба на позицијата градежниот објект во кој установата ја обавува својата дејност во износ од 2.249.433 милиони денари. Градежниот објект е стекнат по Одлука од Владата на РСМ бр.45-8623/1 од 03.12.2019, а вредноста е обезбедена во текот на извршувањето на ревизијата.

Во делот за Останати прашања, извештајот се осврнува на начинот на финансирање на Националните установи и неизвесност во врска со одобрување на финансиските средства што, се наведува, не овозможува отчетно, транспарентно и стабилно финансирање и потребата од усогласување на одредбите на законската регулатива во делот на изготвување и доставување на финансиски план за користење на одобрените средства на Националните установи.

Понатаму се посочува на извршување на хонорарни работни обврски на наставни позиции во ФМУ од страна на вработени во Националните установи, што не е предвидено со законската регулатива, работниот однос на вработените во Националните установи да може да го остварат истовремено и како наставен кадар и соработници на високообразовните установи, односно правото на плата и надоместоци на плата вработените го остваруваат за полно работно време во Националните установи.

Опфатено е прашањето и за интензивирање на соработката на НУ Национална опера и балет и НУ Филхармонија со Македонската радио телевизија и Министерството за култура преку анализа на потребните и расположливите кадровски капацитети со што, се посочува, ќе се осигура исполнување на поставените стратешки приоритети за развој на културата во делот на музичката дејност и сценско-уметничка дејност и прашања кои се однесуваат на доуредување на Законот за култура во делот на одредбите за вработување на категоријата А уметници во Националните установи што влијае на остварување на квалитет во работењето, односно овие прашања да се земат во предвид со Предлогот закон за остварување на јавниот интерес во културата.

„Од страна на раководството на НУ Филхармонија како и од страна на поранешниот директор на установата, доставени се забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор за сметката на основен буџет, истите се разгледани и констатирано е дека дел претставуваат забелешки од кои две се прифатени додека останатите претставуваат коментар за констатираните состојби и не се прифатени, а дел од забелешките претставуваат известување за преземени мерки од кои две се прифатени и истите се соодветно обелоденети во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор“, стои во конечниот извештај на ДЗР.

ДЗР Извештај Македонија НУ Филхармонија ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.