Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на Омбудсманот: Над 20 отсто од лицата во КПД се зависници од дрога

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи во државата се зависници од дрога. Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2.118 (затвор/притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога.

Народниот правобранител Насер Зибери, денеска при објавување на Извештајот истакна дека во овие бројки не се опфатени затворениците/притворениците кои употребуваат дроги, а кои одбиваат да се лекуват. Тој исто нагласи дека „оваа категорија на затвореници се маргинализрани, стигматизирани и оставени без неопходна здравствена и медицинска заштита“.

– Сериозно е загрижувачка состојба во затворот Куманово каде што 35,5 проценти од осудените лица и 65 проценти од вкупниот број на притворени се лица со нарушувања предизвикани од употребата на дрога. Во составот на медицинскиот персонал во овој затвор редовно е ангажиран еден медицински техничар, а само два пати неделно или по потреба доаѓа општ лекар од Итната медицинска помош, изјави Зибери.

Одговорајќи на прашање дали може да се констатира дека и покрај тоа што здравствениот систем на затворите е во ингеренции на јавното здравство тој и понатаму е нефункционален, омбудсманот Зибери, наведе дека забелешката е исправна и дека една од дискусите што се водат во оваа институција е кога и како е донесена одлуката здравствените работници во овие институции да бидат префрлени од јавното здравство.

– Оваа одлука е донеса од причина што директорите на затворите имале големо влијание до здравствениот персонал во врска со медицинскиот третман што им се давал на затворениците. За да се елиминира влијаните на директорите, затворската полиција и на администрација е донесена оваа одлука здравствениот персонал да е вработен во јавното здравство не во дирекцијата на затворите за да се креира некаква автономија. Но, за жал и оваа промена не го донесе потребниот резултат, односно сега има нов проблем, а тоа е дека вината се префрла од затворите кај  јавното здравство дека тие не ја вршат работата и обратно, изјави Зибери.

Тој најави дека ова прашање ќе се анализира уште еднаш, оценувајќи дека Министерството за здравство не го дава ни миниумот овие институции да имаат доволни здравствени екипи, специјализирани за зависниците од дрога.

дрога затвори Македонија Медицинска нега Народен правобранител Насер Зибери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.