Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај: Пораст на активности за намалување на ризици од корупција при вработувања

0
By Sashko on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процентот на имплементација на препораките е на ниско ниво, односно не се забележува нивно целосно спроведување, но затоа се забележува пораст на преземени активности од институциите за намалување на ризиците од корупција за што, сепак, е потребно подого време. Препораките од Извештајот се земаат во предвид при изготвување на документи за политики и акциски планови на извршната власт со надлежност во оваа сфера, како што е Планот за борба против корупција – „Акција 21“ и антикорупциската програма Акциски план следни чекори изготвена од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Ова го посочуваат резултатите од третиот тримесечен Извештај од мониторингот за имплементација на препораките од Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор за периодот од април до јуни во 2021 година што денеска го промовираше „Транспаренси Интернешнл – Македонија“. Документот е изработен во рамки на активноста „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата” што е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Државната комисија за спречување на корупција и МИОА.

– Овој Извештај ги покрена работите што се случуваат на повеќе нивоа во извршната власт во насока на креирање политики како да се намалат ризиците од корупција во вработувањата. Сепак, активностите се одвиваат многу бавно и сè уште не се чувствуваат ефектите од спроведувањата на овие препораки од Извештајот. И натаму мора многу поинтензивно да се работи за да може подобро да се изградат, почнувајќи од законските решение, потоа критериумите, постапките за вработувања, избори и именувања, до ефективност во контролните механизми. Потребна е координација меѓу надлежните институции, рече на денешната онлајн презентација Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.

Според неа, може да се создадат работни групи за изнаоѓање на соодветни решенија за спроведување на препораките, да се работи на подигање на свеста и подобро разбирање за очекуваните промени, да се има поорганизиран пристап во спроведување на препораките што како краен ефект може да придонесе до создавање на ефективни јавни органи и зајакнување на професионализацијата и интегритетот на јавната администрација.

Тасева ја поздрави и изразената потреба од страна на Антикорупциска да се направи ваков извештај за ризик од корупција при вработување, со што, вели, помогнале во изработка на посуштински решенија за надминување на овој проблем, како и нивната иницијатива за соработка со сите институции кои работат во оваа сфера како со министерстватата, така и со кабинетот на вицепремиерот, бидејќи оценува, само така се можни резултати.

Во однос на значителниот пораст на бројот на огласи за вработувања, особено во институциите на локално ниво во пресрет на локалните избори, Тасева коментира дека тоа не значи дека има незаконитости во постапката. Посочува дека тие се спроведуваат врз основа на годишен план за вработувања кој претходно е изготвен, но вели, факт е дека кога се знае оти во одреден период ќе има локални избори, може соодветно да се прилагоди и годишниот план. Пепорачува овие годишни планови да се споредат со годишните планови од претходните години.

– Она што го забележуваме е дека бројот на огласи во јануари бил 17, а во јуни бил вкупно 151 од кои 114 се огласи на локално ниво. Значи многукратно се зголемил бројот на огласи, вели Тасева.

Според претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска треба да се согледаат потребите и дали систематизациите се прават во согласност со потребите на институцијата, дали функционалните анализи кои што треба да претходат на систематизациите се направени и како се направени. При тоа нагласи, дека лично смета оти е многу важно во државните институции да се вработуваат непартиски луѓе, иако тоа би можело да се коси со правата на определување на службениците.

– Можеби треба кабинетите да бидат партиски, но по завршување на функцијата заедно со функционерот да си ја напуштат институцијата. Мислам дека треба да се придвижуваме кон таков модел, рече Ивановска.

Тасева и Ивановска се осврнаа и на проблемот со времените вработувања кои масовно се спроведуваат, а се објаснуваат со потреба од кадар. Сметаат дека тоа е резултат на недостаток на контролни механизми.

– Системот на следење и контрола треба да го направиме да биде ефективен и да може да се зборува за реални состојби, вели Тасева.

Извештајот за мониторингот од четвртиот тримесечен квартал за имплементацијата на препораките од Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор ќе го изработи Државната комисија за спречување на корупцијата.

вработувања ДКСК Извештај Корупција Македонија Огласи Транспаренси Интернешнл- Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.