Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Демократијата во Македонија е заложник на партиските институции

0
By Светлана Јовановска on November 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 9, 2016 16:32

Македонија стои во место. Уште полошо, назадува во клучните критериуми за членство во ЕУ. Ова е кусо резиме на овогодишниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија во европските интеграциски процеси.

Од речникот во извештајот изостанува праксата на дипломатско „полирање“ на критиките – ЕК е директна и во критиките и во препораките и во посочувањето на одговорните.

Генералната оценка е дека демократијата и владеењето на правото се и понатаму заложници на узурпираните институции какви што се судските тела, регулаторните органи и медиумите, се вели во извештајот на ЕК. Државата страда од тесните партиски интереси и отсуство на политичка култура за компромис.

Брисел потсетува дека препораките за реформа на разузнавачките служби од Итните реформски приоритети, во ткнр «Прибе извештај» не се применети и разузанавачкиот систем не е целосно функционален. Работата на оваа реформа започнала во октомври оваа година со надворешна помош.

Двете комисии на Собранието кои се задолжени за надгледување на работата на безбедносните служби, онаа за безбедност и контрразузнавање и онаа Анкетата комисија за прислушуваните разговори, мораат да продолжат со работа.

Комисијата констатира дека «Анкетната комисија не успеала да утврди политичка одговорност за прислушувањето бидејќи членовите на главната владеачка партија или не учествуваа во сослушувањата или не сакаа да одговорат на прашањата» иако тоа беше договорено во Пржино.

За прв пат свое место овде најдоа и контра-протестите организирани од власта.

Комисијата испраќа јасна критика и еден вид предупредување дека во јули 2016 година Мисијата на ОБСЕ за мониторинг на изборите забележала дека вработените во јавниот сектор биле предмет на заплашување, притисоци и закани дека ќе го загубат работното место ако не излезат на контра-протестите што власта ги организираше. Имало и заплашувања до вработените кои сакале да излезат на протестите на опозицијата.

Во јули 2016 година ОБСЕ констатирала дека вработените во јавниот сектор биле предмет на заплашување, притисоци и закани дека ќе го загубат работното место ако не излезат на контра-протестите што власта ги организираше.

Реформите од последните десет години се загубија поради постојаното политичко мешање во работата на судството и именувањето во овој домен, вели извештајот.

Комисијата искрено се надева дека работата на СЈО нема повеќе да биде попречувана. Земјата ќе мора, во годината што доаѓа, од зборови да премине на дела. Па така ќе мора да го деполитизира системот на именување и унапредување и во пракса а не само во законот. Ќе мора да му се даде целосна поддршка и средства за работа на СЈО. Накусо, Македонија ќе мора навистина да формира вистински и сериозен судски сектор.

Комисијата искрено се надева дека работата на СЈО нема повеќе да биде попречувана. Земјата ќе мора, во годината што доаѓа, од зборови да премине на дела.

Во Македонија, открива Комисијата, не постои рамка која може да ги заштити судиите од надворешен притисок. Кривичните судови редовно ги одбиваат мерките за претпазливост што ги бара СЈО а Советот на јавни обвинители и владеачката партија јавно ја критикуваат работата на СЈО. Има и директно мешање во именување на судии кои треба да ги судат истрагите што ги започнува СЈО.

Постојат сомневања за директно мешање при назначувањето на судии кои работат на предметите на СЈО.

Политичкото мешање е рак рана и во борбата против корупцијата.

«Се уште нема вистински исход од скандалот на прислушувањето од 2015 година кои донесе сериозни сомнежи дека висока политичка корупција и незаконско мешање во различни сектори. Оваа селективна пасивност е загрижувачка во однос на независноста на полицијата, Јавното обвинителство», пишува ЕК.

И додава дека «СЈО е единствената институција која е проактивна во истрагата на случаи на високи функционери, во рамката на неговиот мандат, но и понатаму се соочува со недостиг на соработка од државните тела».

«СЈО е единствената институција која е проактивна во истрагата на случаи на високи функционери, во рамката на неговиот мандат, но и понатаму се соочува со недостиг на соработка од државните тела».

И овој извештај не донесе ништо добро кога се во прашање медиумите.

Политичкото мешање во уредувачката политика на медиумите, особено кај телевизиите со национална концесија, сериозно ја загрижуваат Комисијата. «Има индиции дека повеќето приватни телевизии ги координираат своите уредувачки политики во корист на владечката партија. Многу медиуми не ги исполнуваат нивните обврски за балансирано и професионално информирање. Во некои медиуми негативно се известува за членовите на опозицијата и нивните активности како и за протестите на граѓанското општество», вели Комисијата и додава дека во некои медиуми владеат ниски професионални и етички стандарди кои му прават штета на правото на граѓаните да добијат објективна информација.

Критики следувааат и во однос на трошењето на буџетски пари.

Во земјата нема буџетска транспарентност поради тоа што јасна, широка, навремена и кредибилна буџетска статистика не е јавно достапна, забележува понатаму Комисијата.

Накусо, овогодишниот извештај на ЕК е најотворенит и најкритичниот во историјата на македонските односи со  ЕУ со кристално јасна порака до власта која ја уназадува македонската млада демократија.

Извештај за напредок. СЈО медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.