Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот за АКМИС-от ќе се разгледува зад затворени врати

0
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на денешната седница зад затворени врати, односно без присуство на медиумите ќе го разгледува извештајот на Министерството за правда за злоупотребите на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС).

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски рече дека ова е за да се зачува интегритетот на судиите.

Членот на Советот, Влатко Самарџиски побара разгледувањето на извештајот да биде јавно, бидејќи тој е декласифициран и е познат на јавноста, но неговиот предлог беше одбиен од останатите членови.

На седницата присуствува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Извештајот за АКМИС-от беше декласифициран минатиот месец, на барање на Обвинителството и на Судскиот совет, а во него, како што објавија дел од медиумите, кои дојдоа до декласифицираниот документ, било наведено при контролата тогашниот в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд, Стојанче Рибарев кажал дека постои двоен АКМИС.

„Во текот на увидот в.д. претседателот на судот Стојанче Рибарев извести дека во судот постои рачна распределба на предмети. При заведување на предметите во надлежност на судија на претходна постапка и на Кривичен совет во одделите кривично полнолетни и организиран криминал не се користел модулот за автоматска распределба на предметите во судот, не биле подесени параметрите за автоматска расрпеделба на предметите во сите претходно наведени уписници, а распределбата на предметите се вршела рачно, која в.д. претседателот на судот Стојанче Рибарев ја нарече дупли АКМИС“, било наведено во извештајот.

Во него е нотирано и дека конкретни предмети од еден судија се давале во работа на друг судија, а судии биле „вадени“ од АКМИС по разни основи, само со параф на претседателот на судот.

АКМИС Зоран Караџовски Извештај разгледување Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.