Австралискиот тенисер Алекс де Минаур е позитивен на ковид-19 поради што се повлече од Олимписките игри во Токио. Претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Јан Честерман денеска пред новинарите рече дека „Де Минаур е скршен“ поради пропуштање на најголемиот планетарен спортски настан.
– Разочарани сме поради Алекс. Му беше сон да ја претставува Австралија на Олимписки игри, истакна Честерман.
Алекс де Минаур моментно е прв австралиски рекет и во Токио требаше да настапи во сингл и во дубл.