Илија Несторовски со 11 првенствен погодок за Палермо во оваа сезона (постигна еден и во Купот на Италија против Калјари). Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=2911_u49df8
Палермо моментно е трет во Серија Б со 53 бода, четири помалку од Бреша на лидерската позиција и три од Лече кој одигра и меч повеќе. Сицилијанците во наредното коло ќе гостуваат на Беневенто. Директен пласман во Серија А ќе обезбедат двете најдобропласирани екипи додека третиот патник во калчолигата ќе биде познат по плејофот во кој ќе учествуваат тимовите од третото до осмото место на табелата.