Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека не сака да имаме добри односи со Бугарија затоа што цело време не омаловажуваат, деградираат, исмеваат, не уценуваат.
„Ако ние поставиме такви услови сосема поинаку ќе биде и со други барања ќе дојдат овие од ЕУ. Кога ние го менувавме името и прифативме се од Преспанскиот договор, некој викаше „all inclusive“ сме“, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.
Според него, имаме нов проблем, во кој што не притискаат.
„Мораме да останеме цврсти и да не потклекнеме во делот на идентитетот, нема каде да одат и мора да не прифатат вака. Не смееме да отвориме преговори додека не ги расчистиме сите работи со Бугарија. Засега наш најголем пријател во овие преговори со Бугарија е само САД. На Европа не може да и се верува“, оценува Јакимовски.