Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанчева: Арсовска бега од медиумите, што ли сака да сокрие?

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 9, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Градоначалничката Данела Арсовска преку претседавачот Трајко Славески закажа седница на Советот, без при тоа благовремено да ги покани медиумите, кои редовно ја следат работата на Советот, реагира Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
– Ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на Советот чии седници секогаш биле достапни за јавноста преку медиумите. Ова бегање од јавноста е непочитување на медиумите, но и на граѓаните чии претставници се советниците. Ако сака да сокрие Данела нешто нема да може – вели  Јанчева.
Според неа, уште во првите месеци од мандатот, Арсовска покажува непочитување кон јавноста и непознавање на надлежностите на Градот.
– Доказ за тоа е и сообраќајниот метеж во градот, кој се случи поради затајување на работата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, што е под надлежност на Град Скопје. Ова е срамно, неодговорно однесување кое скопјани не го заслужуваат. На денешната седница како точка на дневен ред не беше ставена донацијата, односно бесплатното украсување на градот. Данела Арсовска и Трајко Славевски треба да знаат дека секоја донација до Градот, мора да мине со одлука на Советот, ниту градоначалничката ниту кој било друг нема право самостојно да одлучува по однос на донации – додаде Јанчева.
Таа рече дека е добро тоа што се зголеми износот на средствата за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија.

– Новата администрација предводена од Арсовска, во сред пандемија не успеа ниту да донесе соодветни протоколи за работа на Советот, па затоа принудени сме оваа изјава да ја даваме пред бараките на Град Скопје. Неодговорно, несериозно и нечесно работење, тоа е одликата на првиот месец од работата на Арсовска – вели Јанчева.

Данела Арсовска Љубица Јанчева седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.