Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пристигна во Советот за јавни обвинители, каде што денеска треба да го презентира вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО. На влегување во Советот, претседателот Петар Аневски и посака добредојде на обвинителката Јанева.
Јанева од своите колеги од Советот побара поддршка за да се продолжи мандатот на СЈО.
Согласно Законот за СЈО, Јанева е обврзана на секои шест месеци да доставува Извештај за својата работа до Советот на обвинители и Собранието на Република Македонија.