Специјалната јавна обвинителка ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители на која се разгледуваше Извештајот на СЈО.
По три часа расправа, таа одлучи да ја напушти седницата поради, како што рече личните навреди од Зоран Сулејманов – член на Советот кој почнал да ја напаѓа обвинителката за работи кои не се однесуваат на Извештајот на СЈО.
Јанева одговори дека нема да трпи лични напади и ја напушти седницата.
Согласно Законот за СЈО, Јанева е обврзана на секои шест месеци да доставува Извештај за својата работа до Советот на обвинители и Собранието на Република Македонија. Таа во петокот ја напушти и седницата на Комисијата за политички систем во Собранието, откако по 4 дена расправа не стивнаа пратеничките навреди кон неа од страна на владејачкото мнозинство.




