Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем на чиј дневен ред четири дена е Извештајот на СЈО.
-Ова веќе е класичен мобинг, јас повеќе не си доаѓам, ќе се појавам само на пленарна седница, рече обвинителката Јанева.
Јанева веќе два часа го слуша гoворот на пратеничката Владанка Авировиќ која низ пратенички пршања бараше Јанева да ја образложува својата стручност, детали за финансиите и ангажирањето на експертите.
– Јас не сум Супермен, ја сум човек, а извештајот е слика за работата на СЈО. Истражувањата утврдија дека досега дека во изминативе 10 години ниту еден обвинител не го образложувал вака Извештајот, а во последните пет години никој не поднел. Драго ми е што некои институции конечно се разбудија од кома како Врховен суд, Судскиот Совет и Јавнообвинителскиот совет. Да се испита работата на овие институции и сакам да порачам, сите институции кои ја омаловажуваат работата на СЈО, во име на Уставот и законите ќе се избориме со сите опструкции и ќе се потрудиме правосудната фела да се врати во судниците и ќе почне да владее правото, рече претходно Јанева.
Авировиќ праша дали потребата од советници е поради нестручноста на СЈО, а најде забелешка и за тоа што СЈО го употребува терминот мисија во своето работење.
Јанева одговори дека ниту еден експерт не сакал паричен надоместок.
– Правните експерти се ангажирани согласно член 15 од Законот за СЈО и ништо не е спротивно на овој закон или на другите закони. Ве информирам за ваше познавање, дека луѓето кои се ангжирани, ниту еден од нив не сака паричен надоместок напротив, јас инсистирам на тоа. Прво, за начело на доверливост, затоа што работат со доверливи материјали, а понатаму сметам дека секој треба да биде платен за својот труд.
Претседателот на комисијата Владимир Ѓорчев даде пауза од еден час.
>> Јанева: Ќе се избориме со опструкциите, ќе почне да владее правото




