Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Нема ни „о“ од обвинение против мене, нема ниту еден доказ, го нема и СЈО

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам, изјави Катица Јанева во завршен збор за случајот „Рекет“ за кој пресудата ќе биде објавена на 18 јуни. Таа рече дека нема ни „0“ од обвинение против неа, нема ниту еден доказ и го нема и Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
„Мене не ми требаат црвени телефони. Мене ми е чист образот. Некој да сакаше да го урне СЈО, јас не му требав. Јас сум во притвор за пари што не се докажаа за Камчев да се спаси“, рече Јанева.
Таа нагласи дека е само грубо изманипулирана од една личност.
„Доколку ги знаете сопружниците Камчеви, никогаш нема да дозволите да ви се доближат ниту до судската зграда. Орце Камчев се покажа дека е „валкан“ играч и дека мисли дека може се да купи со пари, се излажа. Мене не можеше да ме купи. Искористи едно искрено пријателство со Бојан за да ме стави на столб на срамот“, изјави Јанева.
Во овие четири години, рече Јанева, покажав како еден обвинител да биде одважен и сигурен во себе.
„Кога станав шеф на СЈО, многу обвинители сакаа да дојдат. Ама јас реков дека за борба против криминалот ни требаат чесни луѓе. Затоа ги исфрлив некои и останувам на тој став“, рече Јанева.
Нагласи дека никогаш самата не би ги одбрала тие обвинители што после четири часот не можат без салатка и ракија.
„Пијаници и неисполнети личности не ми требаат“, изјави Јанева.
Таа рече дека и е срам што е дел од ова судење поради неспособноста и немањето докази.
„Да подигнеш обвинение без извршени вештачења и да биде прифатено од тројца судии. Секоја чест. Јас се срамам што сум дел од ова. А каде се парите“, рече Јанева.
Ова голо обвинение без докази ми е жал што овие два дена го распарталивме како баница, јавната обвинителка Вилма Русковска не е тука да го чуе и да се црвени.
„Не само што јавната обвинителка не докажа ништо во овој предмет, туку напротив само произлезе дека била свесна уште од старт дека води предмет за кој нема докази. Се покажа дека наместо да биде објективен критичар, всушност дава едно малициозно критизерство не само кон мене, туку и кон целото СЈО“, рече Јанева.
Да работеше јавната обвинителка, рече таа, како што треба ќе утврдеше дека нема докази за ова дело и неможе да покрене обвинение.
„Но, брзаше да покрене обвинение за три месеци, водена по тоа јас да не излезам од притвор. Тоа беше осуетено, па дури и се закануваше на судии со „тресење од гаќи““, изјави Јанева.

Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева, ги започна завршните зборови во случајот „Рекет“ со цитат на оштетениот сведок Орце Камчев кој рекол „предметот „Империја“ е измислен за јас да бидам рекетиран“.

„Аналогно на тоа не може да не се запрашаме дали е можна обратна ситуација. Случајот „Рекет“ да е создаден за затворање на предметот „Империја“. Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка“, праша Кадиев.

Кадиев рече дека одбраната ја темелат на неколку столба и тоа: незаконитост на докази, односно дека судот не може да изнесе став врз основа на незаконито прибавени снимки кои недозволено ги направил Јордан Камчев, незаконито постапување на ЈО, односно дека Обвинителството не дало увид во сите докази и искази, влијание врз Судот од страна на ЈО, односно со именување на фајловите со доказите дадени на судот како „давање пари“, „не разговарај со адвокати“, „разговор со сведок“.

Со тоа, според него, се извршило влијание и фактичка состојба на докази, односно дека изнесените докази и сослушани сведоци не го докажуваат делото на овој предмет, а ЈО пропушта да повика некои очигледни сведоци како Горан Николовски и да обезбеди клучни докази како несесерот на Ана Камчева што собра 350.000 евра и вештачења.

Од изнесените материјални докази и од ПИ мерките, рече Кадиев, ништо не се потврди во поглед на обвинението на Катица Јанева.

завршни зборови Катица Јанева Македонија Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.