Судот го одби барањето на одбраната во случајот на СЈО „Тендери“ за исклучување на јавноста од презентирањето на аудио-снимките од прислушуваните разговори.
Судечкиот совет одлучи аудиоматеријалите да бидат презентирани во присуство на јавноста, а доколку од нив произлезат приватни интереси да ја исклучи јавноста. Се презентираат пет аудио-снимки од кои четири се од 2011, а една од 2013 година.
Првообвинета во „Тендери“ е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е присутна на денешното рочиште.
Предметот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.