Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавното здравство, надградувано, доградувано и осакатувано

0
By Менче Атанасова Точи on July 5, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 5, 2016 09:22

Како и што си мислев, така и заврши случајот! Правничката од администрацијата била виновна бидејќи студентката пет месеци работела како „докторка“ во Итната медицинска помош, без диплома, лиценца за работа и положен државен испит.

Утврдиле дека направила пропуст со документите. Ги примила без диплома и лиценца за работа. А, печатот, како ли е издаден тој без овие документи? Криминали.

Ако одиме по правото најмалку по 5-6 години затвор не им бега на сите инволвирани заедно со „докторката“, за која патем се знае и по чија партиска ургенција била примена на работа без завршен факултет. Но, ете видовме дека невозможното стана возможно во денешно време.

Во Здравствениот дом туку -така, го „решија“случајот со тоа што некоја службеничка ќе биде дисциплински казнета! Да беше поинаку, да си понесоа одговорност и директорката на Здравствениот дом и министерот за здравство и управничката на Итната медицинска помош ќе донесеа зрак на надеж, можеби дури ќе добиеја и симпатии од граѓаните. Вака не само што не потценија сите, туку предизвикаа и револт. И тоа револт не само кај тие што не се воздржуваат тоа да го изразат јавно, туку и кај тие што обично молчат, а им проработила совеста.

Во време на вакви скандали дури и министерот за здравство е унапреден со висока функција во власта, тој стана вицепремиер. Се погрижи за пациентите, сега ќе ја спасува државата! Добар проект.

Ќе се промени ли некогаш здравството на подобро? Последните години кога здравствениот систем се држи во „вештачка кома“, сведоци сме на многу реклама, фалење, популизам. Ама, родилки и бебиња ни умираат по болниците, континуирано.

Ова е време кога се изместија критериумите за вредност, кога доктори, професори на Медицинскиот факултет им се поклонуваат на мали партиски војничиња. Време кога знаењето изгуби значење, а партиски кадри без искуство се ставаат на клучни места.

Здравствениот систем во Македонија е толку гнил и поткопан, што дури и најдобрите странски експерти за јавно здравство, нема дека ќе го управат. Да не се залажуваме. Сите власти се подеднакво виновни за континуираното урнисување во сите сегменти на здравствениот систем, за да сега се достигне кулминација. Се се прави во име на популизмот. „Ние градиме, вие што направивте“, е најчестиот слоган кој го слушаме.

Во последните години забрзано се реновира, се купува опрема. Се земаат кредити, на кои никој не им го знае точниот број. Колку пари сме задолжени во здравството? Колку години треба да отплаќаме поединечни заеми, колку од нив ние, колку нашите деца или внуци? Зошто тоа никој не излезе да го каже? Тоа се пари на граѓаните, пари кои се трошат беспоштедно. А, министерот се слика пред камерите и фотоапаратите. Да се знае, да не се заборави.

Тендерите се централизирани во министерството за здравство и наместо болниците сега ги прават неколку луѓе, одбран тим на министерот. Значи и тендерите се ставени под контрола од власта, во име на чесност, наводно за да не правеле криминал директорите на болниците. Дали има реформи? Не, тоа се само про-форми, а дел се неуспешни реформи.

Заглавија на Плаќање по учинок, на „Мој термин“, каде е Проектот 100 најдобри доктори? Не така од скоро е проектот по два директори(економски и стручен) на секоја болница, клиника или здравствен дом. Овој проект се покажа како комплетно не успешен и освен што ги оптоварува буџетите не донесе никакво подобрување во работењето. Економските директори постојано с е трансферираат од клиника на клиника. Донесоа дури и кадар од банките, но без успех, болниците постојано тонат во долгови. Тесната партиската поврзаност е главното мерило на успех.

Партијата на власт го узурпира јавното здравство, а на голема врата го поддржува приватното. Се разбира на моќниците кои се повторно од нивните редови. Таму каде што министрите и сите функционери од Владата се лекуваат. Јавното здравство, надградувано, доградувано, осакатувано остана за граѓаните што одвај преживуваат и на социјалните случаи.

Што понатаму? Ќе успеат ли тие што ќе дојдат на власт да ги решат проблемите. Вака како што стојат работите, опозицијата треба многу да зајакне во делот на здравствената политика. Во спротивно, ќе се доведеме во ситуација да тонеме во нереални ветувања. На здравствениот систем му треба „инфузија“и да се разбуди од „вештачка кома“. Понатаму е полесно.

здравство Мој термин реформи Тодород
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.