Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јеремиќ предлага српската опозиција да го бојкотира Парламентот

0
By Нова ТВ on December 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од основачите на опозицискиот блок Сојуз за Србија (СзС) и лидер на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ денеска изјави дека се залага за бојкот на работата на српскиот Парламент, бидејќи тоа е „најосакатената институција“ во државата.

– Таква формална одлука во СзС сè уште не е донесена, но Народната партија се залага за бојкот на сите институции, вклучувајќи го и Оарламентот”, изјави Јеремиќ гостувајќи на белградската телевизија Н1, додавајќи дека за таквата одлука е потребен консензус во СзС.

Тој потврди дека СзС ќе ги бојкотира сите избори организирани според сегашните изборни услови и дека со бојкотот ќе се изврши притисок врз сите одлуки кои би биле донесени од вака избраните институции.

Јеремиќ изјави дека СзС има собрано доказни материјали за нерегуларности на последните општински избори во Лучани, со кои има намера да ги инфромира ОБСЕ, Советот на Европа и други меѓународни тела.

– Би требало да дојде до промена на власта и околностите. Со вакви изборни услови и со вакви медиуми тоа е невозможно. Затоа опозицијата конечно целосно се обедини околу овој ставот, изјави Јеремиќ.

Тој оцени дека целта на протестот „Стоп за крвавите кошули“ е „смена на авторитарниот поредок, во кој во моментов живеат граѓаните на Србија, кој агресивно  дури и физички се пресметува со неистомислениците“.

– СзС не е организатор на протестите, туку маката и безизлезноста беше мотив граѓаните да излезат на улиците, нагласи Јеремиќ, додавајќи дека опозицијата се бори секој да го каже своето мислење.

– Одиме на протест, бидејќи веруваме дека е во ред да се бориме за нормални услови, истакна Јеремиќ.

бојкот Вук Јеремиќ опозиција парламент Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.