Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО ги презема предметите од СЈО, правните експерти поделени

0
By Нова ТВ on September 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство (JO) на Република Северна Македонија ги презема во надлежност предметите од СЈО за натамошно постапување додека во Собранието продолжуваат преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство.

Јавното обвинителство ја заснова одлуката за преземање на предметите врз основа на уставната положба на ЈО како единствен државен орган надлежен за гонење на сторители на кривични дела и на други, со закон, утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично–правниот систем, почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.

Правните експерти се поделени за тоа дали постои правна основа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги преземе предметите од Специјалното јавно обвинителство, а премиерот Зоран Заев верува дека е можен договор и Парламентот со консензус да го изгласа Законот за јавното обвинителство.

Академик Владо Камбовски, кој учествува на консултациите во Министерството за правда за новиот закон за јавното обвинителство, смета дека предметите на СЈО може да преминат во Јавното обвинителство и за тоа има законска основа.

„Државниот јавен обвинител има овластување, според уставната поставеност на Јавното обвинителство која е заснована на хиерархиска субординираност, да презема предмети од други обвинителства. Тоа решение треба да се реализира и според мое мислење предметите треба да се доделат на обвинителите од СЈО“, рече вчера Камбовски.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој исто така е дел од експертската работна група во Министерството за правда, смета дека Катица Јанева нема овластување ниту во нормални услови, ниту пак сега кога е во притвор да ги делегира предметите од СЈО во друго обвинителство.

„Таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилот по мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обвинител, но најстрашно е што за такво нешто не постои интерес. Никаде во законот не е предвидено СЈО да ги предаде сите предмети, особено во ваква ситуација каде на Јанева практично и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител“, вели Калајџиев.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека примарна цел е и останува да се најде договор, бидејќи, како што кажа, договорот е гаранција за реализацијата на новото законско решение.

„Не сме толку далеку од решение. Може да се изнајде решение. Верувам дека може да се најде решение. Доаѓа 15 септември и да не се најде решение, предметите одат кај државниот обвинител. Ако се најде решение по законот, пак, одат кај државниот обвинител, значи дека тоа е решението. Веројатно на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тоа е и поривот да ги предаде предметите“, изјави Заев.

Тој уште еднаш повтори дека верува во договор и Парламентот со консензус да го изгласа Законот за јавното обвинителство.

закон ЈО консензус предмети СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.