Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари.
Според обвинителството постојат сомненија дека во периодот од 2006 до 2017 година се основале фирми, се подигале кредити и се пренесувале пари во Словенија и во австриски фирми кои потоа биле инвестирање во основање нови фирми и се купувал имот во Битола.
„Со цел да утврди факти и да обезбеди докази, обвинителството во соработка со Министерството за внатрешни работи издаде наредби за анализа на финансиски трансакции и обезбедување на целокупниот доказен материјал од имотна, финансиска и управна природа“, пишува во соопштението на Обвинителството.