Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јосифовска потпишала да се врати пасошот на Камчев по налог на Јанева

0
By Нова ТВ on January 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сослушување на сведокот Елизабета Јосифовска,  која беше заменичка на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, денеска во  Основниот кривичен суд Скопје продолжи рочиштето за случајот „Рекет“. Таа потврди дека го потпишала мислењето за издавање на времена патна исправа за Орце Камчев, обвинет во предметот на СЈО „Империја“, откако и било кажано дека тоа е по налог од Јанева. И било чудно зошто се брза со потпишувањето на документот со кој на осомничениот би му се овозможило да добие привремен пасош со важност од осум месеци.

„На 2. мај 2019 година го потпишав мислењето со кое се уважуваше предлогот на одбраната и тоа гласеше да се даде согласност на издавање времена патна исправа за осомничениот Јордан Камчев. Актот кој јас го потпишав, не дојде по вообичаен начин, туку на крај на работното време беше донесено во моја канцеларија од страна на стручен соработник кој работеше во тимот на Лиле Стефанова. Прашав што е тоа, ми кажаа дека треба да се даде позитивно мислење. Знаев дека Стефанова и Јанева беа отсутни, ја прашав стручната соработничка дали обвинителката Стефанова е запознаена, ми одговори „не“. Побарав да ми го донесе целиот предмет, тоа го направи стручното лице. Ја контанктирав и Сања Димовска шеф на кабинетот на специјалниот обвинител.  Таа ми кажа дека е налог на специјалниот јавен обвинител и дека таквото мислење треба да се потпише“, рече Јосифовска.

Таа контактирала и со обвинителката Лиле Стефанова, која не била запознаена со таквото мислење. „Не се согласуваше со тоа, бидејќи постоела реална опасност осомничениот Камчев да побегне, затоа што имаше двојно државјанство. Реков дека мора да потпишам. Повторно комуницирав со Димовска, повторно ми одговори дека тоа е мислење по налог на специјалниот јавен обвинител и јас го потпишав“, рече Јосифоска.

Таа како и сите останати во СЈО биле збунети кога Јанева побарала да им биде одредена поблага мерка куќен притвор на обвинетите во „Империја“.

„Во декември 2018 година бевме повикани во канцеларијата на Јанева. На состанокот присуствуваа поголем број обвинители. Се расправаше за тековни прашања. Претходно обвинителката Лиле Стефанова достави  предлози за одбивање на желбите и утврдување на притворот на осомничените во „Империја“. Специјалната обвинителка и кажа на Стефанова да ги преработи материјалите и притворот да биде заменет со куќен притвор. Реагираше колешката Стефанова и нагласи дека тоа негативно ќе влијае на истрагата. Сепак, специјалната обвинителка кажа дека тоа е неопходно поради процесот. Знам дека тогаш се спомнаа три-четири лица меѓу кои Јордан Камчев, Цветан Панделески и Сашо Мијалков. Се сеќавам дека на друг состанок кај шефицата на СЈО од колегите Стефанова и од Бурим Рустеми побара да направат пресметка обвинетите да ја платат штетата кон државата и со тоа обвинетите во „Империја” да не одат во затвор“, рече Јосифовска.

Следното рочиште е закажано за 20 јануари на кое како сведоци треба да се појават обвинителката Лиле Стефанова, Бурим Рустеми и Сања Димовска некогашна шефица на кабинетот на Јанева.

Бојан Јовановски: Добивам закани по живот, јас сум политички затвореник

„Информирани сте за моето нарушено здравје. Немаме еднаква можност пред законот и Уставот. Јас се чувствувам загрозено после давањето на исказот кај обвинителката Вилма Рускоска по што добив закани за моја ликвидација“, изјави денеска пред судиите првообвинетиот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски.

Тој нагласи дека се чувствува како политички затвореник преку кој политичките субјекти ги водат своите битки со овој предмет. „Како болно лице кое е во притвор ќе ги употребам сите правни лекови за да добијам соодветни мерки за да ја изготвам својата одбрана. Не го исклучувам и штрајкот со глад. Со оглед на моето здравје, таа постапка може да биде со фатални последици. На кого му пречи вистината за „Рекет“? Денес пратив писма до амбасадите на САД, ЕУ и Франција како и до Хелсиншкиот комитет, поради кршење на основните човекови права и слободи“ изјави Јовановски, кој нагласи дека во последните три години тој имал најдолг затворски притвор.

Јосифовска Камчев Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.