Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески: Обвинителството ќе биде без партиски влијанија и пристрасност

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 8, 2017 10:46

-Доколку бидам избран, Обвинителството ќе постапува во согласност со законите, ќе биде ослободено од партиските стеги и центри на моќ. За жал, сегашната состојба во Обвинителството не е на завидно ниво, тоа беше подложно на партиски влијанија и евидентен беше селективниот пристап кон правото. Обвинителството беше неефикасно, пристрасно и зависно, вели кандидатот за државен јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за Дојче веле на македонски јазик.

Тој смета дека тоа може да се промени, бидејќи во Обвинителството има професионалци кои го зачувале интегритетот и не подлегнувале на притисоци.

-Иако за многумина е непознато, во Советот на јавните обвинители, во овие речиси две години откако сум член, гласав спротивно на мнозинството, и на моменти останував сам, или поддржан од уште еден обвинител. Се држев до изреката дека вљубеникот во правото и правдата треба да биде подготвен често да биде и сам. Особено ми е драго што по две години за прашањата за кои имав издвоено и различно мислење од мнозинството во Советот, одлуките се изменија така како што јас тогаш гласав. Особено за незаконското пензионирање на јавните обвинители и незаконските одлуки на Советот за надлежноста по предметите на СЈО, објаснува Јовески.

Шеесет и тригодишниот Љубомир Јовески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. Во судството е уште од 1979 година, кога станува приправник во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија.

Бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител.

Името на Љупчо Јовески ретко се споменуваше во јавноста, се до моментот кога беше посочен како еден од можните кандидати за наследник на Марко Зврлевски.

Јовески во својот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Вози Рено Меган, а поседува и Југо старо 19 години. Во банка има 7.000 евра и трансакциска сметка од 10.000 денари. Но, има и долгови, односно кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари.

Во моментот го довршува својот двегодишен мандат во Советот на јавните обвинители, а претходно бил еден од десетината заменици на Зврлевски.

За да биде избран од Собранието на РМ за Јовески треба да гласаат 61 пратеник. Мандатот на Јавниот обвинител на Република Македонија е шест години.

 

државен јавен обвинител кандидат Љубомир Јовески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.