Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ клисури е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината. Дежурните екипи се постојано на терен и сите патни правци ги одржуваат проодни.