Водата за пиење е безбедна, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 39 мерни места во Скопје. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 15 до 19 јуни се земени вкупно 182 примерока за анализа.
„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, се наведува во денешното соопштение.