Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ју-Ес опен: Шарапова со 18 ноќна победа на „Артур Еш“

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2017 11:47

Марија Шарапова со победнички кам-бек во Њујорк. Шампионката на Ју-Ес опен од 2006 година во првото коло ја елиминира Симона Халеп, втора носителка на турнирот, со 6:4, 4:6, 6:3 во меч во која Русинката и Романката разменуваа удари од основната линија два часа и 44 минути.

Само првиот сет траеше нешто повеќе од 60 минути и донесе егал игра, многу израмнувања, но и нерви, прецизност, упорност и „ладна глава“ на Шарапова. По водството со 1:0 во сетови, руската тенисерка продолжи во ист ритам и со брејк во четвртиот гем поведе со 4:1 како најава за брза завршница.

Така, сепак, не мислеше Халеп која важи за неуморен борец на теренот. Ги пронајде своите удари додека Шарапова, можеби опуштена од предноста, почна да паѓа, па Романката со пет гема во низа се избори за израмнување и трет сет кој беше копија на претходниот во резултатска смисла.

Русинката направи брејк во вториот гем, подоцна поведе и со 4:1 со таа разлика што овојпат не дозволи пресврт за 18:0 во ноќните мечеви на „Артур Еш“ во кариерата.

Александра Круниќ – изненадување на денот

Александра Круниќ го направи најголемото изненадување во првиот натпреварувачки ден на Флешинг Медоу. Српската тенисерка, која во квалификацциите за Вимблдон ја елиминира Лина Ѓорческа, славеше против седмата носителка Џоана Конта од Велика Британија со 4:6, 6:3, 6:4 за нејзина прва победа на главните турнири од големата четворка по Вимблдон во 2015 година.

Фото: usopen.org

Круниќ во второто коло ќе игра против Австралијката со хрватски корени Ала Томљановиќ која го доби дуелот со Ларсон од Шведска со 7:5, 6:4.

Настапите на Ју-Ес опен, покрај за Халеп и за Конта, завршија и за 21 носителка Ана Коњух од Хрватска и за Американката Лора Дејвис (32).

Михаил Кукушкин, пак, направи изненадување на денот кај мажите. Казахстанецот на стартот го совлада Давид Ферер од Шпанија, 21 носител, со 4:6, 6:3, 6:2, 6:1. Со елиминација од носителите се соочија и Џек Сок (13., САД) и Робин Хасе (23., Холандија).

Комплетни резултати на Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 1

Жени, 1 коло

Шарапова (Русија) – Халеп (2., Романија) 6:4, 4:6, 6:3

Мугуруза (3., Шпанија) – Лепченко (САД) 6:0, 6:3

Возњацки (5., Данска) – Бузарнеску (Романија) 6:1, 7:5

Круниќ (Србија) – Конта (7., В. Британија) 4:6, 6:3, 6:4

В. Вилијамс (9., САД) – Кузмова (Словачка) 6:3, 3:6, 6:2

Цибулкова (11., Словачка) – Цепелова (Словачка) 6:7, 6:3, 6:2

Квитова (13., Чешка) – Јанковиќ (Србија) 7:5, 7:5

Севастова (16., Летонија) – Витхефт (Германија) 7:5, 6:1

Гарсија (18., Франција) – Мартинцова (Чешка) 6:0, 6:1

Барти (Австралија) – Коњух (21., Хрватска) 4:6, 6:0, 6:1

Пенг (22., Кина) – Асе (Франција) 6:4, 6:1

Сакари (Грција) – Бертенс (24., Холандија) 6:3, 6:4

Гергес (30., Германија) – Бек (Германија) 6:1, 6:0

Рибарикова (31., Чешка) – Џорџи (Италија) 6:3, 6:4

Кенин (САД) – Дејвис (32., САД) 7:5, 7:5

Бабош (Унгарија) – Голубиќ (Швајцарија) 7:5, 5:7, 7:5

Векиќ (Хрватска) – Хадад Маија (Бразил) 6:2, 6:1

Козлова (Украина) – Бегу (Романија) 6:2, 7:6

Лучиќ Барони (Хрватска) – Пуиг (Порторико) 6:4, 6:7, 7:6

Томљановиќ (Австралија) – Ларсон (Шведска) 7:5, 6:4

Суарез Наваро (Шпанија) – Сојлу (Турција) 6:4, 6:2

Саснович (Белорусија) – Босеруп (САД) 6:2, 6:2

Макарова (Русија) – Бартел (Германија) 6:2, 6:1

Доди (Франција) – Парментие (Франција) 3:6, 6:0, 7:6

Дуан (Кина) – Лиу (САД) 7:6, 7:6

Женг (Кина) – Ван Ујтванк (Белгија) 6:4, 3:6, 6:1

Стивенс (САД) – Винчи (Италија) 7:5, 6:1

Кр. Плишкова (Чешка) – Егучи (Јапонија) 6:2, 6:2

Корне (Франција) – Вотсон (В. Британија) 6:4, 6:4

Викери (САД) – Вихљанцева (Русија) 4:6, 6:4, 6:1

Ар. Родионова (Австралија) – Хогенкамп (Холандија) 7:5, 7:5

Александрова (Русија) – Заја (Германија) 6:2, 6:3

Мажи, 1 коло

А. Зверев (4., Германија) – Кинг (Барбадос) 7:6, 7:5, 6:4

Чилиќ (5., Хрватска) – Сандгрен (САД) 6:4, 6:3, 3:6, 6:3

Цонга (8., Франција) – Копил (Романија) 6:3, 6:3, 6:4

Изнер (10., САД) – Ербер (Франција) 6:1, 6:3, 4:6, 6:3

Карено Буста (12., Шпанија) – Кинг (САД) 6:3 6:2, 7:6

Томсон (Австралија) – Сок (13., САД) 6:2, 7:6, 1:6, 5:7, 6:4

Пуе (16., Франција) – Бемелманс (Белгија) 6:3, 6:4, 6:4

Квери (17., САД) – Симон (Франција) 6:4, 6:3, 6:4

Милер (19., Луксембург) – Томиќ (Австралија) 3:6, 6:3, 6:4, 6:4

Рамос Винолас (20., Шпанија) – Истомин (Узбекистан) 4:6, 7:6, 7:5, 6:7, 7:5

Кукушкин (Казахстан) – Ферер (21., Шпанија) 4:6, 6:3, 6:2, 6:1

М. Зверев (23., Германија) – Квјатковски (САД) 7:6, 4:6, 4:6, 7:5, 6:3

Андерсон (28., Ј. Африка) – Арагон (САД) 6:3, 6:3, 6:1

Едмунд (В. Британија) – Хасе (32., Холандија) 6:3, 7:5, 6:3

Лоренци (Италија) – Соуза (Португалија) 4:6, 6:3, 7:6, 6:2

Фабијано (Италија) – Смит (Австралија) 7:6, 6:4, 3:6, 7:6

Шварцман (Аргентина) – Берлок (Аргентина) 6:2, 6:1, 6:3

Мау (Франција) – Фусовиц (Унгарија) 6:3, 2:6, 6:4, 2:6, 7:6

Гулбис (Летонија) – Џанеси (Италија) 6:4, 6:7, 6:2, 7:5

Шаповалов (Канада) – Медведев (Русија) 7:5, 6:1, 6:2

Чориќ (Хрватска) – Весели (Чешка) 7:6, 7:6, 6:2

Села (Израел) – Јубанкс (САД) 6:2, 6:4, 6:2

Доналдсон (САД) – Басилашвили (Грузија) 6:0, 4:6, 6:3, 7:6

Албот (Молдавија) – Ескобедо (САД) 7:5, 4:6, 6:2, 6:4

Лу (Тајван) – Качанов (Русија) 4:6, 6:2, 6:3, 6:3

Типсаревиќ (Србија) – Кокинакис (Австралија) 6:7, 3:6, 6:1, 7:6, 6:3

Пер (Франција) – Лацко (Словачка) 6:3, 6:2, 7:6

Чунг (Ј. Кореја) – Зебалјос (Аргентина) 3:6, 7:6, 6:4, 6:3

Џонсон (САД) – Алмагро (Шпанија) 6;4, 7:6, 7:6

Маер (Германија) – Дутра Силва (Бразил) 7:5, 0:6, 6:3, 6:4

Нори (В. Британија) – Турсунов (Русија) 7:6, 6:1 – Турсунов го предаде мечот

Донској (Русија) – Хајдер Маурер (Австрија) 7:6, 5:1 – Хајдер Маурер го предаде мечот

Ју-Ес опен тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.