Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Југ на отслужување на притворот одреден во април

1
By Нова ТВ on September 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Игор Југ, еден од осомничените насилниците во Собранието на 27 април му е одреден притвор од осум дена, потврдуваат од Јавното обвинителство. Тој уште вчера е упатен на извршување на определената мерка.

Се работи за притвор што на Југ, кој вчера беша уапсен во Куманово, по пет месеци бегство од органите на прогонот, што му бил одреден на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, при крајот на април годинава, и е изречен бидејќи тој се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка. За него имаше распишано потерница.

Сега за Југ, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од  Кривичниот законик, велат од Јавното обвинителство.

Игор Југ е водач на здружението „Владо Черноземски“ од Куманово кое беше дел од патриотскиот фронт. Пред настаните во Собранието, фронтот упати декларација до јавноста дека се против начинот на работата во македонскиот парламент и се заканија со други мерки.

Југ на 27-ми април беше дел од групата која успеа да стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Носеше црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што јавноста се прашуваше дали бил вооружен со огнено оружје.

 

27.април Игор Југ притвор Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.