Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Југохром не доби одговор од Владата и ги изгаси печките

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2016 12:55

„Југохром“ ги изгаси своите печки и 800 работници остануваат без работа. Одлуката ја донел Државниот инспекторат за животна средина.

За да може “Југохром” да работи и на сите свои вработени да им овозможи приходи, комбинатот мора да постави филтри кои треба да го намалат загадувањето на воздухот. Засега не е познато колку време овие работници ќе бидат без работа и колку време ќе треба да поставување на филтрите.

Генералниот директор на „Југохром“ Васко Скендеровски објасни дека побарале продолжување на рокот за поставување на системот за отпрашување, бидејќи од рокот што го добиле на 31-ви октомври 2014 околу 20 месеци чекале за добивање на дозволата за градба што се случило на први јули годинава.

Тие чекале одговор од владата за продолжување на рокот но одговорот не стасал и решиле да го сопрат работењето на печките на “Југохром”.

Поставувањето на систем за отпрашување е неопходна за да се намали загадувањето со сопирање на топењето на феросилициум во печките.

Освен загадувањето проблем е и судбината на 800 работници на „Југохром“ кои остануваат практично без приходи. Се очекува владата брзо да реши дали ќе го пролонгира рокот за поставување на филтрите.

Според Законот за Заштита на животната средина „Југохром“ мора да поседува „А“ еколошка дозвола за работање што значи поставување филтри за прочистување на воздухот од отпадните материи.

Се очекува до средината на следната година овој систем да биде поставен. Скендеровски најави дека во следните денови ќе одржат состанок заедно со сопственикот по што ќе се реши како ќе продолжат натаму и што ќе биде со работниците што во моментот се вработени во „Југохром“.

Загадување Југохром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.