Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер до Заев: Нашата средба е почеток на вистинско пријателство

0
By Светлана Јовановска on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заев денес во Брисел стекна нов пријател. И тоа не било кој, туку Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија (ЕК). Така барем ни најави самиит Јункер. На стартот на прес конференцијата со македонскиот премиер денес во Брисел, Јункер изјави дека средбата со Заев е најава за ново пријателство.

“Се среќаваме за прв пат но отсега можам да ви кажам дека ова е почеток на вистинско пријателство”, изјави Јункер. Дипломатите од ЕК на ова додаваат дека Заев е “вистинско освежување” за Брисел.

Во што ќе се состои тоа пријателство и што ќе и донесе за Македонија е прашањето на кое јавноста денес не доби прецизен одговор. Но беше ставено на знаење дека македонските реформи се добредојдени и топло поздравени во ЕК. Пријателството донесе и намерен лапсус на Јункер кој, одговарајќи на новинарско прашање реќе “Македонија” пред божем да се сепне и да додаде дека всушност зборува за “Скопје”.

Јункер се воодушеви од реформскиот напредок на Македонија и го нарече “исклучителен” исто како што тој се воодушеви со македонската рака пружена кон соседите и изрази надеж дека реформскиот процес што почна ќе продолжи.

Кои реформи Заев му ги вети на Јункер

Заев на Јункер денес му најавил дека на 18 декември во Собранието ќе биде испратен пакетот реформи за разузнавачки служби и безбедносниот систем на државата. Во декември ќе се укине и Советот за верификација на факти за судовите и ќе биде донесен законот за заштитени сведоци.

Македонија се согласи да биде предмет на продлабочена методолшка анализа за мерење на корупцијата. Овој инструмент за потребите на ЕУ го креираше комесарката Сесилиа Малстром. Анализата на Европската комисија за корупцијата во Македонија треба да даде резултати доста брзо и треба да помогне Македонија заначително да го намали нивото на корупција во земјата.

Јункер денес не вети ништо но изјави:

“Ние во Комисијата ќе одлучиме во наредните 5 до 6 месеци како ќе продолжиме со секоја од овие земји бидејќи ова е процес базиран на заслуги а заслугите на премиерот и земјата се добри”, рече Јункер отворајќи надеж дека длабоките реформи во кои е влезена Македонија овој пат навистина ќе не водат во преговори за членство со ЕУ.

Јункер дури и најави дека македонските реформи можат да ги отворат досега цврсто затворените врати на Комисијата за нашата земја:

“Вратата е отворена за Западниот Балкан и со оглед на тоа што земјата на премиерот прави огромен напредок уверен сум дека во одреден период ќе го направиме следниот чекор”, рече Јункер мислејќи токму на отворањето преговори со Македонија.

Заев изјави дека Македонија продолжува да испорачува резултати и тоа е пораката што премиерот му ја пренел на Јункер:

“Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година”.

Во февруари се очекува стратегијата на ЕК за Западниот Балкан. Македонија се надева дека во оваа прилика ќе добие чиста препорака за преговори за членство без условеноста што беше вметната пред 2 години. Таа надеж денес на изрази и комесарот Јоханес Хан кој исто така присустуваше на средбата помеѓу Јункер и Заев.

Европска комисија Жан-Клод Јункер Западен Балкан Зоран Заев препорака за членство проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.