Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер посакува промена на етичкиот код на Европската комисија

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер изјави дека сака го смени етичкиот код во неговата институција и го искара германскиот комесар Гинтер Отингер за јавно изречените навреди на сметка на Кинезите, Валонците и хомосексуалците.

Интервјуто е дадено за белгискиот франкофонски весник Ле Суар. Редакцијата прецизира дека тие не побарале интервју од Јункер и дека тој самиот понудил да им даде интервју што редакцијата го прифатила.

Изјавата доаѓа како одговор на бранот остри критики кои дојдоа од сите страни на ЕУ и од повеќе европски институции поради тоа што претходниот претседател на ЕК Хозе Мануел Баросо најави дека ќе работи во банката Голдман Сакс, банка која во голем дел е виновна за финансиката криза.

Во интервјуто Јункер посакува измена на овој етички код. Според кој претседателот на ЕК мора да чека 18 месеци по крајот на функцијата за да може да работи во приватниот сектор.

Етичкиот комитет на ЕК пред извесно време го кажа својот став за новото работно место на Баросо и соопшти дека правните норми во овој случај не се прекршени но дека одлуката на Португалецот Баросо не е соодветна.

Јункер, порача дека овој период од 18 месеци би требало да трае 3 години а комесарите во тој период треба да побараат дозвола од Комисијата доколку сакаат да преминат во приватниот сектор. Екс комесарите во текот на 18 месеци имаат апанажа која им дозволува да живеат.

Баросо беше претседател на ЕК во два мандати, од 2004 година до 2014 година.

Во истото интервју Јункер жали поради зборовите на Отингер изречени на една вечера на бизнисмени во Хамбург. Но уверен е дека Германецот не го мисли тоа што го кажал. Отингер пред два дена се извини за говорот и рече дека има огромна почит кон Кинезите, белгискиот регион Валонија или хомосексуалците.

“Еден комесар не можа така да зборува. Му реков да се извини кај сите оние кои се почувствуваа навредени од неговите зборови”, вели Јункер. И додава дека во своите јавни говори комесарите мораат да се држат до областа на која работат и “да не им даваат слободен тек на сите нивни случајни инспирации”.

Отингер во својот говор, зборувајќи за Кина тој ги нарекол Кинезите «косооките». Кинеските министри за Отингер се сите «зачешлани од лево на десно со црн ималин. За Валонија рекол дека тоа е “регион што го водат комунисти кои ја блокираат цела Европа”. Валонија одби да го потпише договорот за слободна размена со Канада се додека во договорот не беа вметнати валонските барања. За хомосексуалниот брак рекол дека станува збор за “наметнат” брак.

 

Гинтер Отингер Европска комисија Жан-Клод Јункер Хозе Мануел Баросо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.