Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Кафеанската визија на светот на комесарот Отингер

1
By Светлана Јовановска on November 1, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 12:45

Зборовите на комесарот за дигитална економија во Европската комисија Гинтер Отингер кренаа огромна прашина во неговата земја Германија.

Пред една недела во Хамбург, на покана на Федерацијата на работодавачи, за време на гала вечерата комесарот одржал говор полн со навреди на адреса на Кинезите, хомосексуалците, белгискиот регион Валонија, жените и поранешниот германски канцелат Герхард Шредер.

Зборувајќи за Кина тој ги нарекол Кинезите «косооките». Кинеските министри за Отингер се сите «зачешлани од лево на десно со црн ималин. Авторот на видеото тврди дека почнал да снима дури откако Отингер рекол дека постои ризик овие “косооки” и “криминалци” да почнат да “ја користат европската неспособност да склучува договори за слободна размена”.

Тука Отингер зборува за белгискиот регион Валонија која одби да го потпише договорот за слободна размена сои Канада се додека во договорот не беа вментани валонските барања. За него Валонија е “регион што го водат комунисти кои ја блокираат цела Европа”.

За хомосексуалниот брак рекол дека станува збор за “наметна” брак.

Според него славните жени како Ким Кардашијан, Ријана или Кирстен Данст “се глупи затоа што позираат голи” и не заслужуваат да бидат заштитени. Иако е познато дека ниту една од овие ѕвезди не позирала јавно гола туку нивните мејловите и телефони биле хакирани.

Медиумите денес во нивните архиви најдоа и други слични изјави на Отингер. Така во 2005 година Отингер рекол дека постарите вработени треба да добиваат помала плата отколку помладите.

Накусо, Отингер употребувал изрази кои обично можат да се чујат во кафеана и кои не му доликуваат на европски комесар.

Некој од присутните не вечерата го снимал говорот на комесарот а видеото беше објавено на сајтот на весникот Шпигл.

“Отингер треба под инто да ја смени својата визија за светот”, изјави генералната секретарка на Социјал-демократската партија (СПД) на Германија Катарина Барли. Во интервју за Шпигл таа додава дека “некој кој отворено шири расистички и хомофобни размислувања се дисквалификува од сите високи политички функции”. Отингер е член на ЦДУ, партијата на канцеларката Ангела Меркел.

Во интервју за Ди Велт, Отингер се брани: “Станува збор за фамилијарни изрази кои во ниту еден случај не покажуваат недостиг на почит кон Кина”.

Реагираа и здруженијата на хомосексуалци. Стефани Шмид, нивни портпарол , изјави дека еден европски комесар “мора да ги брани со кредибилитет европските вредности на недискриминација наместо да шити расистички и хомофобни предрасуди”. Здруженијата бараат извинување од Отингер.

Европската комисија не реагираше на овој скандал а портпаролот на Комисијата одби пред новинарите да го осуди однесување на Отингер.

Претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер планираше да го унапреди Отингер давајќи му го ресорот за буџет и човечки ресурси (на местото на Кристалина Георгиева која заминува на друго работно место вон Комисијата). Оваа промена треба да ја одобри Европскиот парламент (ЕП). Но, во ЕП веќе се креваат гласови против германскиот комесар.

Видео од настанот на германски јазик со англиски превод.

Гинтер Отингер Европска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.