За поддршка и помош на настраданите од поплавите, граѓаните неформално се организираат да придонесат кон санирање на штетата и дистрибуција на основни продукти за живот како храна, вода и лекови.

Граѓаните се организираат на повеќе начини:

Отворен е број за донации 143 400. Повикот чини 100 денари.

Македонската дијаспора донира онлајн на следниот линк.

Луѓето комуницираат на социјалната мрежа фејсбук во следната група Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje дополнително се формирани и повеќе групи за секое подрачје ЧЕНТО ХУМАНИТАРНА ГРУПА, ИНЏИКОВО ХУМАНИТАРНА ГРУПА, СТАЈКОВЦИ ХУМАНИТАРНА ГРУПА, СИНГЕЛИЌ ХУМАНИТАРНА ГРУПА, СМИЛКОВЦИ ХУМАНИТАРНА ГРУПА.

Отворени се пунктови за собирање и дистрибуција на донации кои се собираат од индивидуалци. На повеќе локации се поставени овие пунктови. Исто така има и отворени прифатилишта за жртвите на кои не им остана ништо од домовите и им е потребно преноќување. Ова е линкот до Мапата на пунктови и местата за преноќување за да можете да најдете каде најблизу се наоѓа пунктот за донации до вашиот дом или работно место.

За појасно и поорганизирани акции изготвен е документ со сеопфатни информации почнувајки од места на пунктовите за донации, работно време, што е потребно за донација, листа на семејства кои се пријавиле дека им е итно потребна помош и сместување, важни контакти каде може да се најде дополнителен превоз и лекови како и листа на донации пристигнати од бизни секторот. Целосниот документ може да го погледнете  тука.

Сојуз на извидници на Македонија отвори повик за индивидуалци кои сакаат да помогнат на настраданите семејства (СО ЧИСТЕЊЕ НА КУЌИТЕ И ОКОЛИНАТА). Можете да се пријавите на [email protected]

Тимовите поаѓаат во 9 часот сабајле од канцелариите на СИМ (зад зградата на УЈП).

Потребно е да се пријавите на електронската адреса [email protected] претходно со цел да се искоординираат за превоз.

Националниот младински совет на Македонија формира база на волонтери за 12 август 2016 која понатаму ќе работи по потреба. За да се пријавите во оваа база пополнете ги информациите на следниов линк.

Организирани се и неколку хуманитарни настани за прибирање средства.

Младински клуб организира хуманитарна изложба во четврток 11.08.2016 со почеток од 20 часот.

Shot Bar Bezisten организира хуманитарни вечери во петок и сабота за 12 и 13 август 2016 за прибирање финансиски средтсва.