Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Александар Македонски го убиваше Ангелот од Курбиново

0
By Борјан Јовановски on July 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека државата трошеше стотици илјади евра за да го угости Александар Македонски на скопскиот плоштад, во пазувите на планината Баба во црквата Св. Ѓорѓи се ронеа виталните честици на националниот идентитет олицетворени во ренесансниот израз на фреската на Ангелот од Курбивно. Комплексноста, вредноста и воопшто значењето на ѕидното сликарство во оваа црква се непобитен  доказ на цивилизациските дострели на нашиот народ, признат и валоризиран од светската научна јавност.

По повеќе децени деновиве конечно од Курбивно пристигна убавата вест за почетокот на конзерваторските работи кои треба да го спасат ова наше богатство од понатамошна деградација.

Проектот за конзервација на кој одамна се работи пред две години конечно ги доби потребните 11.000.000 денари или 180.000 евра за да се консолидира архитектурата на оваа црква која како што ни рече Мери Стојанова, директор на Музејот Битола под чија надлежност е црквата, се наоѓа во незавидна ситуација.

И додека цела деценија наназад се издвојувале едвај по еден милион денари за проектни активности кои никогаш не успеале да се финализираат, државата во 2013 година кога се констаира алармантната состојба во која се ноаѓа вредниот споменик на културата, без никаков проблем исплатила 24.000.000 денари или 360.000 евра за да купи кич сувенири од Кина преку фирмата “Агенс”.

Стотина кутии полни со кич сувенири на кои се прикажани “антички” мотиви но и нероденото панорамско тркало, чија цел била да се промовира проектот Скопје 2014, денеска го зафаќаат музејскиот простор на Националниот музеј во Скопје. Овие скапо платени кинески сувенири се изложени и во продавницата на музејот кој сувенирите ги добил од владата без воопшто да ги побара.

“Музејот во моментов располага со околу 10.000 сувенири со различни мотиви, кои се добиени со Одлука на Влада  преку Министерството за култура. Тое е само дел од целиот асортиман на предмети кои музејот ги нуди, меѓу кои се и музејски копии кои музејот авторски ги изработува. Овие предмети се доделени на НУ Музеј на Република Северна Македонија во 2013 година со Одлука на Влада на РМ. Досега од технички причини истите не беа дистрибуирани во останатите сувенирници на локалните и национални музејски установи” изјави за НОВА, директорот на НУ Музеј на РСМ, Јован Шурбановски.

Директорот Шурбановски вели дека овие кутии полни со сувенири за кои нема интерес на пазарот одземаат вреден простор во изложбените сали.

“Сувенирите се чуваат во привремено адаптиран магацински простор кој се наоѓа во изложбените сали на музејот. Музејот не располага со соодветен простор – магацини за чување на таа количина на сувенири”  вели Шурбановски кој е загрижен поради ваквата узурпација  на изложбениот простор. Дополнителен проблем е што управата на музејот не знае како да постапи за да се ослободи од овие предмети кои се неадекватни за една ваква значајна национална установа каква што е националниот музеј. Интересот на публиката за овие предемти е очигледно мал па дури и непстоечки ако се земе предвид количината на овие сувенири дадени како непристоен подарок од владата.

“Вредноста на овие сувенири произведени во Кина е според вредноста која ни е дадена од самиот проект и Одлуката од Владата на РМ. Цените се движат од 60МКД до 490МКД по сувенир зависно од видот”, вели Шурбановски и додава дека досегашната продажба на овие сувенири не ветува значајно зголемување на прометот.

Овие сложувалки кои ги гледате на фотографиите некој ќе треба да ги состави за се добие јасна слика кој и зошто донел одлука да одобри толкава сума на пари за безвреден кич од Кина, дали тие предмети набавени во Кина навистина чинеле толку или можеби дел од нив завршил во нечии џебови.

 Финансиските средства дадени за овие безвредни сувенири  во висина од 360.000 евра во време кога на споменикот на културата од непроценлива вредност му требаа многу помалку пари за да го добие сјајот кој го заслужува се само уште една од низата илустрации на исто толку безвредниот а во случајот и деструктивен процес кој ни се пласираше како некаков патриотизам.

 

 

 

 

 

Александар Македонски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.