Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Павле, Лилјана и Ферид ќе се борат за исти вредности

0
By Нова ТВ on November 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активисти кои со години се борат за човековите права, правата на хомосексуалците, правото на абортус, ги критикуваат лошите одлуки на власта се најдоа на истите пратенички листи со Ферид Мухиќ, кој е децидно против абортусот и Лилјана Поповска од ДОМ (партијата на зелените), жената која додека беше во коалиција со власта се исекоа најголем број на дрвја во Скопје. Мухиќ беше контроверзен и по тоа дека за протестите од кои  произлегоа граѓанските пленуми во Босна и Херцеговина говореше дека се планирани, оркестрирани и со детално разработени цели, што отвори дилеми околу дали и како одредени кандидати на оваа листа „шарените“ ќе се согласуваат со него.

Мухиќ и Поповска се двајцата кандидати за пратеници на листите на опозициската СДСМ и здружената опозиција за кои се крена најмногу врева. Претседателката на градската организација на СДСМ, Софија Куновска вчера си даде оставка токму поради оваа причина. Безброј реакции имаше и на социјалните мрежи со кои се бараше Мухиќ и Поповска да се отстранат од листите.

Поповска попушти под големиот притисок на јавноста и денеска најави дека од четвртото добитно место, таа ќе се премести на некое од недобитните места.

„ Многу пати досега сум се откажала од функции и не сакам да предизвикувам раздор и тоа ќе го сторам и овој пат. ДОМ има одличен кадар и тој што ќе влезе во Собранието, со моја помош ќе  ја продолжиме битката за демократизација на општеството. Во политиката е важен личниот пример. Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам. Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро“, рече Поповска.

Павле Богоевски, активист од „Шарената револуција“ кој е дел од листите на СДСМ, вели дека точно е тоа дека со некои од кандидатите имаат различни ставови, но тоа не е проблем затоа што тие ставови ќе ги дискутираат во Собранието.

„Едвај чекам тие ставови да ги соочиме во Собранието. Точно е дека Лиле Поповска во изминатиот период се приклучи на борбата против режимот. Јас можам да кажам дека останувам на моите ставови и во Собранието ќе ги застапувам до крај. Инаку морам да кажам дека е за поздравување одлуката на Поповска да се повлече од своето пратеничко место во име на единството.

Мухиќ вели дека добил и позитивни и негативни реакции.

„Морам да кажам повеќе добив многу позитивни реакции и сум многу задоволен поради тоа. Добив и негативни реакции, но нив не ги ни погледнав. Задоволен сум што многу луѓе ми дадоа поддршка. Останувам на моите ставови и сум цврсто убеден дека нема никакво оправдување во тоа да се убие дете, свое или туѓо“, ни изјави Мухиќ.

Листите на кандидатите се уште не се затворени и можат да претрпат промени. Краен рок до кој партиите можат да ги достават листите е петок на полноќ.

абортус Лилјана Поповска Павле Богоевски пратенички листи реакции Ферид Мухиќ човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.