Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руанда и Ковид-19: Ноќно „превоспитување“ за оние кои не носат маска

0
By Нова ТВ on August 9, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од средината на јули досега, според официјални податоци, околу 70.000 луѓе кои го игнорирале полицискиот час, кој започнува во 21 часот навечер, или избегниваат да носат задолжителната заштитна маска, полицијата ги спроведува на стадиони или собирни центри и таму добиваат лекции.

Секоја вечер, на стадионите ширум Руанда, лекции за јавното здравје се пренесуваат преку звучници до слушателите кои седат оддалечени најмалку по еден метар на трибините. Од нив се бара да бидат амбасадори во борбата против новиот вирус. Сесиите, кои се спроведуваат под контрола на вооружени чувари, завршуваат во зори, а присутните се испраќаат дома со стриктни наредби да останат во самоизолација.

Џадо Низејимана бил сопрен од полицијата поради неправилно носење на заштитната маска и му било наредено да се пријави во најблискиот стадион.

„Отсега ќе ја носам, каде и да сум“, вели тој.

На сесиите се поканети и претставници на медиумите со надеж дека преносите ќе служат како предупредување кон оние кои ги игнорираат препораките. Притоа, полицијата ги информира работодавачите за недисциплината на нивните вработени.

Некои добиваат избор – може да ја избегнат лекцијата доколку платат казна од 25.000 руандски франци или 22 евра. Но, за многумина во земјата каде еден келнер месечно заработува 50 евра, тоа е премногу.

„Двапати ме уапсија и ја минав ноќта на стадион. Бев фатен по почетокот на полицискиот час. Алтернативата беше да платам голема казна, но немам пари. Барам работа“, вели 25 годишниот Ели Ниганзе.

До четвртокот, во Руанда беа евидентирани околу 2.000 случаи на коронавирус и пет смртни случаи. Во државата со население од 12,5 милиони луѓе, во моментов има околу 900 активни случаи. Полицијата вели дека строгиот пристап носи резултати во спречувањето на ширењето на вирусот.

„Се уште наоѓаме многу луѓе кои ги прекршуваат правилата. Како некои намерно да го прават тоа за да ја фрустрираат полицијата. Но, тоа нема да се случи“, вели полицискиот портпарол Џон Боско Кабера.

Критичарите и групите за заштита на човековите права со обвинувања до полицијата и до војска дека ја користат пандемијата и мерките за заштита како изговор за малтретирање на јавноста и напади кон критичарите.

Новинарите и блогерите кои се критични кон напорите на Руанда да се справи со пандемијата се соочуваат со долги притвори и обвинувања за бунт против државата, кои можат да им донесат до една година затвор.

Популарниот блогер Диудене Нијонсенга беше уапсен во април додека известуваше за влијанието на карантинот врз најсиромашните слоеви. Пред неговото апсење, тој ги истражувал сомнежите за силувања од војници во периодот на полицискиот час. Сега е обвинет за кражба на идентитет, измама и бунт.

„Хјуман Рајтс Воч“ повика на транспарентна истрага по обвинувањата за убиства, силувања и други сериозни злосторства сторени од безбедносните сили во Руанда за време на карантинот.

Ковид-19 мерки Руанда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.