Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Сарај ја ,,прими“ теренската вакцина – Репортажа на НоваТВ

0
By НОВА ТВ Balaban on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 16:40

Основното училиште ,,Дитурија“ во општина Сарај, утрово уште рано-рано ги отвори вратите, но овојпат не за избори или за настава, туку за теренската вакцинација која од вчера почна во целата држава. Во истите клупи и училници каде излегуваат на избори и каде околу 1500 нивни деца ги учат бројките,првите букви и освојуваат нови знаења, 20-ина мештани уште отсабајле го фатија редот во оваа школска установа и ја пречекаа лекарската екипа од ОЕ Службата за примарна и превентивна заштита „Карпош“ при ЈЗУ  Здравствен дом Скопје.

Жителите на Сарај денеска „гласаа“ против ковид-19. Наместо гласачки ливчиња пополнуваа согласност за вакцинација и одговараа на прашања дали прележале ковид-19, имаат ли алергија, дали и кои болести имаат…

На вториот ден од теренската вакцинација која се спроведува во целата земја, меѓу оние кои први ја примија вакцината беше и Рустеми Месир, кој на пунктот дојде во инвалидска количка.

– Боледувам од спастична парализа, имам и дијабетес, но немав дилема дали да се вакцинирам. А сопругата не сака, така реши па дојдов сам. Отпочеток луѓето се плашеа да примат вакцина, но тоа помина. Добро е што повеќе жители да се заштитиме од овој вирус кој не блокира повеќе од една година  – ни рече 66-годишниот Месир.

Иако се помисли малку која вакцина да ја прими пред да ја потпише согласноста, бидејќи слушал „дека АстраЗенека влијае на циркулација“, откако д-р Александар Ристовски го информираше и му го препушти изборот, Месир сепак се реши за британската вакцина, којашто многу вешто му ја стави медицинската сестра Ибедат Емини.

Но, според одзивот за имунизација до 10 часот, тешко дека на овој вакцинален пункт во Сарај кој е и единствен, до крајот на работното време, се вакцинирале повеќе од стотина  мештани. Инаку општина Сарај со се населените места, има 40 илјади жители. Се очекува значително поголем одзив во наредните денови за кога лекарите се подготвени повторно да дојдат.

Дека почнува теренската вакцинација кај населението во Сарај бил навреме известен и оџата. Од ИВЗ пред некој ден за Нова ТВ, информираа дека работат со своите верници и муфтии на теренот за што поголема анимираност на населението за добрата страна на вакцинирањето.

Наставничката Сафија се надева дека со вакцините ќе исчезне и овој вирус  

А наместо пред катедра, 54-годишната Сафија Љока денеска седна на столчето каде седат нејзините ученици.

– Без дилема решив да се вакцинирам против коронавирусот, па сетете се колку болести досега успеаја да се искоренат со вакцини! Да се надеваме дека со вакцинирањето ќе исчезне и овој вирус, па сите да се стабилизираме. Само со Господ напред! А ние наставниците треба и септември  да го дочекаме подготвени, се надеваме дека наставата ќе се одвива со физичко присуство, вели Љока, која е одделенска наставничка во „Дитурија“, а во изминатава учебна година одржувала настава во две групи на 31 дете.

Таа, за среќа, досега не се разболела од корона.

– Се вакцинираа и синот, и зетот, снаата, а сопругот уште не – вели Сафија.

Ѝ отстапи АстраЗенека на сопругата, тој прими Синовак

А Севдил Реџепи (65) покажа дека е вистински џентлмен – откако и двајцата со сопругата се изјаснија дека сакаат да примат Астразенека но имаше само за едниот, тој направи отстапка за сопругата Шериф, а тој прими Синовак. Се пошегувавме дали е тоа и поради името на неговата сопруга…

Овие вакцини се спакувани по 10 во кутија, а лекарската екипа веднаш излезе во пресрет со објаснување доколку има уште заинтересирани за АстраЗенека, ќе донесат од поликлиниката „Ѓорче Петров“.

И раководителката на оваа Служба, д-р Катерина Стаменковска, дојде на лице место да види како тече вториот ден од теренската имунизација, која започна во четири села: Буковиќ, Чајлане, Бојане, Ласкарци.

– Утре нашата екипа е во селото Петровец и околината, а ако има зголемен интерес тука во Сарај , не е проблем да ја продолжиме вакцинацијата уште некој ден. Има две вакцини на располагање кои екипите на Здравствениот дом Скопје ги нудат на жителите во  повеќе од 30 села во скопско, а меѓу нив се Глумово, Крошопек. Грчец, Шишево, Горна Матка, Семениште, Горно и Долно Свиларе и други. Во јули тимовите ќе ја даваат првата доза, а од август почнуваме и со ревакцина   А истовремено со теренската, продолжува и редовната вакцинација на четири пункта во поликлиниките: Букурешт, Јане Сандански, Чаир, а од вчера и во Шуто Оризари –  вели д-р Стаменковска.

Најмладиот кој се вакцинираше има 24 години 

Незнаеме колку родители од Сарај ќе се решат да дадат согласност за и нивните малолетни деца да примат вакцина против ковид-19, која од вчера е на располагање и за децата од 12 до 17 години.

А најмладиот жител кој денеска во Сарај прими вакцина е Сабир Меџити.

– Роден сум 1996 година, а лани прележав ковид. Мора да се заштитиме и со вакцина, без дискусија. Живеам во Семениште, но еве дојдов тука – вели Сабир кој работи во Институтот за духовно наследство кај Албанците.

Директорот на школото, Гани Аслани, ни рече дека се подготвуваат за настава со физичко присуство од септември.

– Ги отворивме вратите на училиштето за вакцинација, се надеваме дека епидемијата со коронавирусот конечно ќе спласне и дека истите врати наесен ќе бидат широко отворени и за нашите ученици – порача Аслани.

Љубица Балабан

 

 

ЈЗУ Здравствен дом Скопје Катерина Стаменковска општина пункт Сарај теренска вакцинација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.