Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Тодор Александров ја „украде“ прославата на Илинден

0
By Нова ТВ on August 4, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 4, 2016 17:08

Крушевчани се револтирани што ликот на Тодор Александров доминирал на Илинден. Но според организаторот, учеството на Здружението што го слави неговото дело, било одобрено во официјалниот протокол за прославата, пишува Дојче Веле. 

Тодор Александров деновиве е најспомнуваното име во крушевската чаршија. Не стивнуваат реакциите на крушевчани поради тоа што неговиот лик станал доминантен на последната прослава на Илинден и го узурпирал значењето на празникот и на делото на храбрите илинденци. Гласните дискусии на оваа тема го привлекуваат и вниманието на минувачите во центарот на планинското гратче.

„Не е во ред. Во говорот на премиерот ниту еднаш не се спомна Питу Гули, кој овде ја предводел најголемата чета, а ја спомна битката кај Слива, која е значајна, но е една од многуте што се воделе во овој крај, во тие денови. И згора на тоа, централни ликови овде станаа луѓе во црни маички со ликот на Тодор Александров, небаре е ова панихида за него, а не прослава на најголемиот државен празник. Па дури и на телевизискиот пренос тие беа постојано во кадар. Кој дозволи тоа да се случи? Ние сме многу револтирани. Не знаеме дали е ова случајно, некаква организациска грешка и пропуст, или има некаква друга стратегија, што нам воопшто не ни се допаѓа ако е така“, реагира М.П. возрасен крушевчанец.

Негови сограѓани се вклучуваат во дискусијата и го шират списокот на забелешки.

„Посебна приказна е ‘Десет дена Крушевска република’, која во март следната година ќе слави 50- годишен јубилеј. Од реномирана научно-културна манифестација, ја претворија во квази-научна. Се политизира манифестацијата, се презентираат чудни податоци, се измислуваат разни конструктори на црешовото топче… Во Крушево сите знаат кој го изработил црешовото топче – Тоду Борјар, кој почина во шеесетите години. И не е во ред отпосле да се измислуваат прикаски за разни други конструктори“, реагираат повозрасните крушевчани.

Поради ова, сметаат дека прославата годинава поминала „недостоинствено“, а преку контраверзните иконографии било релативизирано нејзиното значење.

Дамчески: Ништо заткулисно

На градоночалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, не му е сеедно кога слуша дека неговите сограѓани се револтирани, поради тоа што Тодор Александров им го узурпирал празникот и не се симнал од тв – кадар.

„Да, и мене тоа ми падна во очи, но, сметам дека нема ништо заткулисно и злонамерно. Патем, јас не можам да се мешам во уредувачката политика на оној што го врши преносот, ниту пак за оние што доѓаат на Мечкин Камен. Не забележав дали имињата на илинденците не биле спомнати во говорот. Јас, на пример, сите ги спомнав во моето обраќање на Гумење на 1-ви август“, вели Дамчески.

0,,19448016_401,00

Тој не знаеше како групата следбеници на Александров станала дел од прославата, па дури и доминантен. Но, по консултации со Маноил Јаковлевски, потпретседател на манифестацијата „Десет дена Крушевска република“, градоначалникот даде објаснување.

„За учество на Илинденскиот марш се пријавиле повеќе здруженија и добиле одобрение од Советот на ‘Десет дена Крушевска република“. Едно од нив, е и регистрираното Здружение ‘Тодор Александров’ од Битола, чии претставници тргнале со коњи од манастирот ‘Св. Јован Бигорски’. Имало здруженија и од Скопје и од други градови. Од Охрид тргнале претставници на здружението „Христо Узунов“. Сите тие биле влезени во официјалниот протокол за прославата. Јас на сето ова гледам во позитивен контекст, на промоција на сплотеност и единство, и сметам дека немало нешто што би ја нарушило прославата“, уверен е Дамчески.

Позната течност

Долгогодишното искуство на граѓаните со политички говори кои повикуваат на единство а истовремено шират пораки на раздор, како и нивното користење за партиска пропаганда наместо за истакнување на државните интереси и приоритети, секоја година го намалува бројот на присутни на Мечкин Камен. Желбата за еднопартиско присвојување на прославата и самоидентификација со жртвата на хероите, како и исвиркувањето на политичари од приврзаници на опонентите, одамна е дел од темната страна на илинденската прослава. Прв со тоа се соочи поранешниот претседател Киро Глигоров, кој беше исплукан од поддржувачка на опонентската партија. Сликата беше толку срамна и несоодветна за празничниот чин, што и составувачите на записникот за инцидентот, во неможност да најдат соодветна формулација, објаснија дека таа врз него исфрлила „непозната течност од устата“.

Денеска „течностите“ што излегуваат од устата, се речиси целосно познати – најчесто станува збор за навреди, клевети, говор на омраза… Неретко доаѓаат и од официјалната говорница, спакувани во вербални обланди лесни за дешифрирање. На Илинден беше исвиркан и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Според крушевчани, тоа го сториле оние во „црните маички“.

„Атмсферата веќе не е достојна за празникот. Од Скопје тргнува фаланга на Александар, доаѓаат здруженија кои не се однесуваат соодветно ни во духот на единството, ни на прославата. И наместо декларираната сплотеност, се повеќе се потенцираат поделбите и навредите. Илинден не заслужува ваков третман и ваков срам“, велат нашите соговорници од Крушево.

Залезот на сонцето зад планинскиот срт ја стивнува и дискусијата. Соговорниците тргнуваат да го проследат концертот на влашки песни. Се губат и последните зраци што ја осветлуваат Криптата во споменичниот комплекс „Македониум“, каде на метални плочи се запишани 58 имиња на борци и битки значајни за историјата на Македонија. Името на Тодор Александов не е меѓу нив.

доминирал Илинден Тодор Александров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.