Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калифорнија го тужи Трамп за испраќање Национална гарда на улиците во Лос Анџелес и кршење на законот

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Војниците беа испратени во Калифорнија за да го заштитат федералниот имот и службениците, иако проценките на разузнавањето покажаа дека тие не се во опасност, изјави армискиот генерал Скот Шерман во своето сведочење синоќа, за време на постапката што ја покрена Калифорнија против американскиот претседател Доналд Трамп.

Рациите против имигрантите во јуни оваа година предизвикаа насилни протести во Лос Анџелес и други градови во Калифорнија, по што американскиот претседател нареди распоредување на 700 маринци и 4.000 припадници на Националната гарда, иако демократскиот гувернер Гевин Њусом не го побара тоа.

Судењето започна неколку часа по најавата на Трамп за испраќање на гардата во Вашингтон.

Администрацијата на претседателот тврди дека војниците не биле испратени за спроведување на цивилните закони, како што се тврди во тужбата, туку исклучиво за заштита на федералниот имот и агентите на ICE.

Судењето започна само неколку часа откако Доналд Трамп објави покренување на вонредни мерки, односно испраќање на Националната гарда на улиците на главниот град Вашингтон за искоренување на криминалот, а слични мерки најави и за други градови.

Генералот Шерман, кој до неодамна командуваше со воените операции во Лос Анџелес, сведочеше пред судот. Сведок на администрацијата на Трамп опиша хаотична ситуација со демонстранти кои фрлаа молотови коктели и оштетуваа владини згради, оправдувајќи ја употребата на војската за заштита на федералниот имот.

Повеќето од војниците се повлечени од Лос Анџелес, но државниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, рече дека околу 300 припадници на Националната гарда сè уште спроведуваат рации и го ограничуваат движењето на цивилите во оваа федерална држава. Според поднесокот на гувернерот Њусом, администрацијата на претседателот минатата недела го продолжи распоредувањето на војската во областа на Лос Анџелес до 6 ноември.

„Федералната влада ја распореди војската на улиците на Лос Анџелес само за политичка претстава и јавно заплашување. Овој опасен потег нема преседан во американската историја“, рече Бонта.

Калифорнија и нејзиниот гувернер тврдат дека Националната гарда им се придружила на агентите на Службата за имиграција во рациите и апсењата на имигранти, што според нив е кршење на законот од 1878 година што забранува вклучување на војската во спроведувањето на цивилното право.

Во поднесената тужба, тие бараат пресуда со која Националната гарда ќе се врати под федерална контрола и ќе ги прогласи постапките на Трамп за нелегални.

Додека во Калифорнија и другите федерални држави гувернерите одлучуваат дали да ја активираат Националната гарда, во главниот град Вашингтон претседателот има директна контрола врз неа. Таму, Трамп одлучи да испрати војници на улиците како дел од борбата против криминалот, иако според статистиката, стапката на криминал минатата година беше најниска во последните три децении

закон Калифорнија Национална гарда САД судење Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.