Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчев: Намерно ги спакував парите за Боки во торба „Луј Витон“, не му личи „Адидас“

0
By Нова ТВ on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Случајот „Империја“ е конструкција на Катица Јанева, на Лиле Стефанова и на Бојан Јовановски. Последниот пат кога ме испрашуваа во СЈО, во канцеларијата дојде лично Јанева која пред мојот адвокат Апостолски ми рече да го завршам тоа што го договарам со Бојан“, сведочеше Камчев во делот за поврзаноста на Јанева со Јовановски.

Откако во јануари во 2019 година Камчев бил пуштен од притвор, во посета му дошол Јовановски. Во тој период беше донесено правното мислење на Врховен суд за укинување на истрагите на СЈО на Јанева, што значи Камчев е пред целосно ослободување од притвор. Но, тој иако го знае тоа, сепак, организира снимање со мобилен телефон како на Боки му ги предава парите.

За парите од фамозната торба „Луј Витон“, за која има и снимка, Камчев пред судиите рече дека намерно ги спакувал во таков вид торба бидејќи Боки 13 многу го љубел тој бренд.

„Не може да биде во торба „Адидас“, нема да личи. Му ги спакував во торба „Луј Витон“ оти го љуби тој бренд. Па, уште ми забележа дека банкнотите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“, рече Камчев пред судот.

Орце Камчев го започна сведочењето со сериозни информации и почна да открива и нови имиња кои на некаков начин биле вплеткани во приказната „Рекет“. Како што изнесе пред судот, во август 2018 година дознал дека против него се води истрага од адвокатот Васил Димишков, инаку брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, која беше подоцна на истрагата „Империја“. Дури напомена дека адвокатот бил и на една од средбите кога на неговата сопруга Ана и се барале четири, шест, па осум милиони евра за купување на слободата.

Фото: mkd.mk

Бизнисменот Орце Камчев како клучен сведок во случајот „Рекет“ пред судот тврди дека не само тој, туку и сопствениците на Пелистерка и на Тинекс платиле пари за да не им бидат отворени, како што тој ги нарече, измислени предмети.

Сведочењето на Орце Камчев е во тек, а со него во Кривичниот суд денеска во улога на сведок требаше да се појави и неговата сопруга Ана, која, сепак, била оневозможена поради температура.

Орце Камчев Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.