Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење на Камчев: Боки ме уценуваше со договор за шопинг молови

0
By Нова ТВ on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: mkd.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2019 12:00

Орце Камчев го започна сведочењето со сериозни информации и почна да открива и нови имиња кои на некаков начин биле вплеткани во приказната „Рекет“. Како што изнесе пред судот, во август 2018 година дознал дека против него се води истрага од адвокатот Васил Димишков, инаку брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, која беше подоцна на истрагата „Империја“. Дури напомена дека адвокатот бил и на една од средбите кога на неговата сопруга Ана и се барале четири, шест, па осум милиони евра за купување на слободата.

„Ми кажа дека сум ставен на ПИ-мерки и ако сакам да ме застапува, да му платам 100.000 евра. Тоа да биде сума за информацијата што ми ја дал. Ми понуди ако сакам да ме застапува и да ми издејствува поблаги мерки во истрагата за што ми даде ценовник, бидејќи можел да влијае“, сведочеше Камчев.

Потоа тој почна да зборува за неговото лично искуство со Бојан Јовановски, уште во време кога беше активна телевизијата „1ТВ“.

„Бојан Јовановски прво ми побара пари, преку реклама во неговата телевизија. Се сретнавме во ресторанот „Суши“ каде ми тврдеше дека е многу влијателен. Преку директорката во мојата компанија понудивме 50.000 евра за реклама. Подоцна таа ми кажа дека тој бил навреден од сумата која му била мала. На следната средба дојде со препишан бизнис план, за изградба на ВИП-фешн молови. Беше присутна и Јасна Мандиќ. Го прашав дали има локација? – Ми одговори дека има во Карпош, ама немал намера да му се јави на градоначалникот Стефан Богоев оти нешто го извисил. Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати четири милиони евра за проектот и ми се закани дека ќе биде лошо ако не го потпишам, но јас не попуштив“, раскажуваше Камчев.

Потоа Камчев тврди дека му дал 180.000 евра на Боки 13 за реклама, а Јовановски му испратил фотографија со Катица Јанева непосредно пред да се формира предметот „Империја“. Тој не испушти да ја спомене обвинителката Лиле Стефанова која, преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, барала Камчев да ` купи деловен простор за ќерка ѝ за стоматолошка ординација во зградата „Пегла“ на Чифлиганец, тврдење кое Стефанова и Чифлиганец го негираа.

Боки 13, како што рече Камчев, ја злоупотребил и потпретседателката на владата и му покажувал слики од неа и од Јанева.

„Сума од 350.000 евра, исплатени од Ана Камчева, Бојан Јовановски ги ставил во кутија за чевли и тој подарок ѝ го доставил на Јанева. Другите 150.000 евра ги дал на Зоран Милески“, рече Камчев.

Бизнисменот Орце Камчев како клучен сведок во случајот „Рекет“ пред судот тврди дека не само тој, туку и сопствениците на Пелистерка и на Тинекс платиле пари за да не им бидат отворени, како што тој ги нарече, измислени предмети.

Сведочењето на Орце Камчев е во тек, а со него во Кривичниот суд денеска во улога на сведок требаше да се појави и неговата сопруга Ана, која, сепак, била оневозможена поради температура.

Орце Камчев сведочење Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.